Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Куманово со нови лиценцирани социјални услуги за три години

Советот за социјална заштита од општина Куманово, денеска ги презентираше проектите и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот за социјална заштита од општина Куманово, денеска ги презентираше проектите и тригодишното функционирање на Советот и спроведувањето на Социјалниот план. Според, надлежните од Советот, документот овозможува стабилна основа за развој на локалниот систем за социјална заштита. Претседателката на Советот, Тања Стефановска, рече дека планот е креиран врз основа на детална анализа на потребите на населението и претставува конкретна насока за развој на услуги што се директен одговор на социјалните предизвици во заедницата.

-До 2022 година, Општина Куманово располагаше со само една лиценцирана услуга, лична асистенција. Денес, по тригодишна имплементација на Социјалниот план, бројот на лиценцирани услуги е зголемен на пет. Воспоставени се помош и нега во домот, насочена кон стари и немоќни лица, која ја реализира Општинската организација на Црвен крст – Куманово, советувалиште за жртви на родово базирано и семејно насилство, услуга за психосоцијална и правна поддршка на лица изложени на насилство, спроведувана од хуманитарната организација „Мајка“, центар за рехабилитација и реинтеграција на лица со интелектуална попреченост, кој обезбедува континуирана стручна помош и инклузија во заедницата, во организација на „Порака Наша“, центар за индивидуални третмани за деца со попреченост, специјализирана услуга за ран развој и интервенција, обезбедена преку здружението „Инклузива“, изјави Стефановска.

Советот смета дека  напредокот не е исклучиво резултат на буџетската поддршка, туку и на интензивната соработка со граѓанските организации, кои практично ги реализираат услугите, како и со локалните и државните институции кои учествувале во работата. Покрај веќе активните услуги, неколку нови социјални сервиси се во напредна фаза на лиценцирање, што укажува на континуитет во развојот на системот. Како една од клучните  цели, беше најавено воспоставување на услугата организирано живеење со поддршка, наменета за лица со попреченост. Целта е овозможување самостоен живот со стручна поддршка, како алтернатива на институционалната грижа.

Реклама

Локалните власти најавуваат дека фокусот во наредниот период ќе биде насочен не само кон проширување на услугите, туку и кон подобрување на пристапноста до институциите и јавните сервиси за сите ранливи категории на граѓани.