Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Куманово бележи пораст на цревни инфекции, лекарите апелираат на внимателност

Зголемен број пациенти со гастроентероколити и други цревни инфекции во изминатите два…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемен број пациенти со гастроентероколити и други цревни инфекции во изминатите два месеца регистрираат лекарите од Инфективното одделение при Општата болница Куманово.

Раководителката на Одделението, д-р Валентина Џартовска, вели дека бројот на пациенти е зголемен особено во летниот период, кога високите температури, патувањата и собирањата во поголеми групи придонесуваат за ширење на инфекциите. На дневно ниво, во одделението се прегледуваат повеќе од 100 пациенти.

-Сега некако повеќе се зголемува бројот на пациенти, особено во екот на летната сезона, со зголемувањето на температурите. Климатските промени секако имаат влијание, а тука се и патувањата на луѓето и собирањето во поголеми групи. Зголемен е бројот на нашите пациенти, со предоминација на гастроентероколити или цревни инфекции. Застапени се сите возрасни групи. На дневно ниво имаме повеќе од 100 пациенти- изјави  д-р Џартовска.

Реклама

Поголемиот дел од инфекциите поминуваат со полесна клиничка слика и пациентите немаат потреба од хоспитализација. Најчести симптоми се повраќање, дијареа и мачнина, а може да се појават и зголемена температура, болки во стомакот, болки во мускулите, главоболка и дехидратација. Докторката појаснува дека тежината на симптомите и ризикот од дехидратација зависат и од возраста на пациентот.

-Јачината на симптомите кај цревните инфекции зависи и од возраста. Дехидратацијата може да биде поизразена кај малите деца и кај повозрасните, но кај нив состојбата може да биде дополнително комплицирана и поради хроничните заболувања што ги имаат. Затоа манифестациите може да бидат и од страна на други органи, а не само како последица на дехидратацијата- изјави д-р Џартовска.

Како најважна мерка во почетната фаза на инфекцијата ја издвојува рехидратацијата, односно внесот на доволно течности. Таа препорачува во летниот период да се внесува полесна храна и да се посвети особено внимание на начинот на чување и подготовка на намирниците. Храната што треба термички да се обработи треба да биде добро обработена, а намирниците, овошјето и зеленчукот добро измиени пред употреба.

-Цревните инфекции најчесто се пренесуваат фекално-орално, а одредени вируси, како норовирусите, може да се пренесуваат и по капков пат. Затоа личната хигиена е многу важна. Треба добро да се мијат намирниците, садовите и просторот во кој се подготвува храната. Треба да се избегнуваат блиски контакти со болни лица и да се одржува хигиена по контакт со лице кое има цревна инфекција- изјави д-р Џартовска.

Во однос на пробиотиците, Џартовска вели дека тие може да помогнат во одржувањето на нормалната цревна флора. Таа апелира граѓаните да не ја потценуваат дехидратацијата, особено кај малите деца и повозрасните, и навреме да побараат медицинска помош доколку симптомите се поизразени или состојбата се влошува.