Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Куманово ја продлабочува соработката со Тирол: Нови возила, обуки и јакнење на противпожарниот систем

Продолжува соработката помеѓу Општина Куманово, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово и партнерите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжува соработката помеѓу Општина Куманово, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово и партнерите од Тирол, Австрија, информираа денеска од општината. Петмина претставници на ТППЕ Куманово и волонтери во моментов следат стручна обука во Австрија за функционирање и управување со противпожарни возила, при што се запознаваат и со австрискиот противпожарен систем.

Од општината додаваат дека Куманово ќе добие две противпожарни возила, од кои едното ќе се користи за потребите на ТППЕ Куманово, а второто возило ќе го користи доброволното противпожарно друштво. Новата опрема има за цел значително да ги зајакне капацитетите за интервенција на терен.

Претходно Куманово преку донација доби современо возило со корпа и хидраулична скала од 32 метри, што ги проширува можностите за брза и ефикасна интервенција, особено во висококатници и ситуации кои бараат спасување на големи височини. Овој тип опрема досега недостигаше во најголемата општина во државата.

Реклама

Донацијата од Тирол е продолжение на соработка, која вклучуваше претходни студиски посети, адаптација на гаражниот простор на ТППЕ Куманово и повеќе форми на техничка поддршка. Паралелно со техничкото зајакнување, проектот ја истакнува и важноста на волонтеризмот. Во градот веќе функционира доброволно противпожарно друштво, а бројот на активни членови расте. Стратегиската цел е воспоставување вакви друштва и во руралните населби, за да се обезбеди брза реакција на терен и да се подобри заштитата на населението во подалечните региони. За нив се предвидуваат и теренски возила, што ќе придонесе кон поголема покриеност и подобра координација при интервенции.

ТППЕ Куманово најавува исполнување на сите потребни услови за понатамошно јакнење на системот, од формирање нови доброволни единици, до технички санации и опремување.