Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Кумановци одбележуваат 82 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош

Во чест на 82 годишнината од загинувањето на народниот херој партизанот Христијан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во чест на 82 годишнината од загинувањето на народниот херој партизанот Христијан Тодоровски – Карпош, денеска кумановци, претставници од различни институции, политички партии, здруженија на граѓани положија свежо цвеќе пред бистата на партизанот во куќата-музеј на кумановскиот командант. Христијан Тодоровски Карпош бил истакнат македонски народен херој и учесник во народноослободителната војна. Со својата револуционерна дејност и борбеност во текот народноослободителната борба тој оставил длабока трага во историјата на македонскиот народ, кажаа присутните на денешното одбележување

– Со окупацијата во 1941 година Христијан активно се вклучува во подготовките за вооружено востание. По формирањето на воен штаб и извршените подготовки на 12 октомври 1941 година, излегуваат првите партизански одреди: Козјачки и карадачки партизански одред. Христијан е партизан на козјачки партизански одред кој излегол од местото Студена вода. Во август 1943 година со формирањето на кумановски партизански одред Карпош е поставен за командант на одредот, а на 1 декември 1943 година е поставен за командант на баталјонот „Јордан Николов Орце“. Како командант, водел значајни борби против окупаторски сили, покажувајќи исклучителна храброст, организаторски способности и пожртвуваност. Христијан Тодоровски Карпош загинал на 7 февруари 1944 година во село Билјача, во борба со бугарската војска и полиција, изјави директорката на НУ Музеј Куманово и историчар, Марија Живачки.

Неговата родна куќа денес е Куќа музеј и е значаен меморијален и културно историски објект, во кој се чуваат изложени предмети, документи и фотографии што сведочат за неговиот живот и дело и остануваат трајна вредност и историска меморија и почит. Куќата музеј на Христијан Тодоровски Карпош била отворена на 4 јули 1979 година. Претходно, со средства обезбедени од Министерството за култура, спомен куќата беше реновирана, а музејската поставка беше обновена со значајни историски експонати. Музејот е отворен за посетители секој работен ден.

Реклама

Христијан Тодорвски Карпош за народен херој бил прогласен на 29 јули 1945-та година и тој еден од осумте народни херои на Куманово.