Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Прилози

Кучињата лаат, караванот си врви: Наместо реформи, судиите и обвинителите во трка за фотељи

Критиките за непотизмот и злоупотреби во правосудството не ги поколебаат судиите и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Критиките за непотизмот и злоупотреби во правосудството не ги поколебаат судиите и обвинителите да влезат во битка за да седнат на највисокото столче за избор во акедемијата. Фотељата на поранешната директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Дамјановска Габер е доста атрактивна меѓу нејзините колеги. Четворица судии и двајца обвинители се кандидати на огласот за избор на директор што истекува денес.Неофицијално во јавноста се споменува и седми кандидат,екс специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи која е недостапна да потврди или пак демантира.

Моделот на Академијата во европските земји се покажа одличен, но колку Академијата во Македонија го оправда ствоето постоење во последниве 18 години е сосема друго прашање, коментира пензионираната врховна судијка Вера Коцо. Според неа, главниот проблем е човечкиот фактор, но не само во Академијата туку и во останатите институции. Кандидати на академијата мора да бидат избрани само по заслуга, коментира Коцо.

Во јули годинава долгогодишната директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер поднесе неотповиклива оставка откако Управниот и Вишиот управен суд, по иницијатива на тогашниот кандидат за претседател професорката Сиљаноска Давкова, одлучи дека полагањето на испитите за вработување на 130 слушатели во Академијата биле направени во предизборието незаконски.

Реклама

Антикорупциска побара одговорност и од Управниот одбор на Академијата,  кој пак сега треба да одлучи кој ќе седне на директорското место.

Во јавноста се крена најголема врева за седмата генерација на кандидати коишто завршија во февруари 2023 поради тоа што меѓу нив има роднини на познати политичари, судии и обвинители меѓу кои беше и  синот на поранешниот собраниски спикер Талат Џафери, Барлет Џафери.

Антикорупскиска за него откри дека сè уште недипломиран се здобил со право да полага правосуден испит во 2015 година. И покрај ова, тој успешно ја заврши Академијата и сега е обвинител во Гостивар.

Од истата генерација е ѝ сопругата на шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази која потоа беше избрана за обвинителка во Кичево.