Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

КТ-апаратите на Радиологија се сервисираат, пациентите привремено се снимаат во ГОБ „8 Септември“ и во „Св. Наум Охридски“

Министерството за здравство во координација со Универзитетскиот институт за радиологија информира дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство во координација со Универзитетскиот институт за радиологија информира дека е во тек сервисирање на апаратите за компјутерска томографија, кои се во дефект и се прават напори за нивно што побрзо ставање во функција.

-Од почетокот на оваа недела е направена реорганизација за упатување на пациентите, со цел навремено добивање на потребната здравствена услуга. За обезбедување континуитет на здравствената заштита, непречено згрижување на итните пациенти и навремена КТ-дијагностика и до нивно повторно ставање во функција, пациентите се згрижени, односно снимањата се вршат во ГОБ „8 Септември“ и во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Здравјето и безбедноста на пациентите се наш приоритет, соопшти Министерството за здравство. 

До повторното ставање во функција на апаратите, пациентите упатени за компјутерска томографија во ГОБ „8 Септември“, оддел за дијагностичка и интервентна радиологија, се снимаат од 8 до 14 часот и од 20 до 2 часот, а во  Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје – од  14 до 20 часот и од 2 до 8 часот. 

Реклама

-Организацијата е привремена и ќе се применува само додека апаратите на Универзитетскиот институт за радиологија не се вратат во функција. Ги молиме пациентите и лекарите доследно да ја почитуваат наведената временска динамика. За секоја промена на состојбата, како и за повторно воспоставување на редовниот режим на работа, сите релевантни здравствени установи, служби и јавноста ќе бидат навремено информирани, наведува МЗ.

Министерство за здравство во соопштението додава и дека вложува максимални напори за што побрзо ставање во функција на оваа апаратура, „со целосна посветеност кон непрекинато обезбедување квалитетна здравствена заштита“.

-Дополнително се прават напори за обезбедување термини и во други соодветни јавни здравствени установи. Апелираме оваа тема да не се користи за дневнополитички цели, особено што овој сегмент во системот е веќе реорганизиран и пациентите ја добиваат потребната здравствена услуга, соопшти Министерството за здравство.