Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

КСС на протест: Пратениците на шверцерски начин сакаат да ги донесат измените на законот за административни службеници и да ни ја намалат платата

„Не за кршење на колективни договори и закони, ДА за почитување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Не за кршење на колективни договори и закони, ДА за почитување на гласот на работниците, ДА за пристоен живот“ – Конфедерацијата на слободни синдикати го крена алармот и на улица, пред Собрание се обиде да го премисли мнозинството во парламентот да го донесе Законот за административни службеници кој предизборно се турка со европско знаменце.  Доколку се изгласа законот, работникот ќе биде оштетен за 50-тина евра оти нема да добие усогласување со минималецот во март, а исто така во платата нема да биде пресметан минат труд. Од КСС реагираат оти со ова се поттикнува непотизмот, а не функционална администрација

Овој закон нема ништо европско, со овој закон само се поттикнува непотизмот и примитивизмот. Вадењето на минималната плата да важи од март, а сите други одредби од 1.1.2025 година, мислиме дека не е време да се носи еден ваков закон, како што го кажуваат реформски и европски, а нема ништо европско, ниту реформско, вели Благоја Ралповски

Во законот нема ништо европски и не е јасно зошто се турка на сила – опозицијата бара повлекување и широка дебата. Пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ дојде на протестот да ги слушне барањата и уште еднаш алармираа за штетноста на ваквите предлози. Тие за  законите имаат поднесено над 40 амандмани од кои 21 се за законот за административни службеници , дури 15 биле за технички грешки.

Реклама

Власта пак во удобните фотељи во комисиската расправа како да не ги слуша свирежите од улица. Министерот Алиу како предлагач на законот вчера ги отфрли обвинувањата оти Владата сама без дискусија си одлучила за пакетот закони .  Дискусијата во Собрание продолжува и без разлика на бројните амандани . Алиу дури и се закани со оставка ако СДСМ и ДУИ не ги процесуираат овие закони во парламентот , па сега на брзина се поминуваат и пакетот закони најверојатно ќе стигне на Пленарна седница идната недела.

Кристина Алексиеска