Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

КСОМ обвинува за диктатура во синдикалното движење

„Конфедерацијата на синдикални организации во Македонија“ обвинува дека во моментов се случува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Конфедерацијата на синдикални организации во Македонија“ обвинува дека во моментов се случува диктатура во синдикалните движења од страна на „ССМ“ и „СОНК“. Оттаму велат дека овие две синдикални здруженија ги држат на сила своите членови, забранувајќи им да се отчленат и објаснуваат дека на овој начин сакаат да извршат притисок на Владата за да ги истуркаат своите барања.

„Овој апсурд го нема ниакде. Сведоци сме пратеници преминуваат од една во друга партија, градоначалници преминуваат од една во друга партија. За жал работникот не може да премине во друг синдикат. Они на тој начин сакаат да ја уценуваат Владата држејќи го со сила членството, демек они се таканаречени репрезентативни синдикати, единствено така знааат да делуваат“, изјави Марјан Ристевски претседателот на КСОМ.

Во статутот на „ССМ“ и „СОНК“ во членот 13. стои дека секое доброволно истапување не важи во случај кога членот користел финансиски средства од тоа синдикално здружение, а отчленувањето може да се случи само по 3 години од денот на поднесување на барањето. Синдикатот реагира и на позициите на Уставниот суд за кој тврди дека носел одлуки под притисок.

Реклама

„Меѓутоа ова што го добивме од Уставен суд, замислете граѓанин се има обратено до Уставен суд на 09.10.2024 минатата година, каде фала богу, уставните судии утврдиле дека не може некој со сила да го држи граѓанинот согласно закон, устав, работни односи законот, дека тоа е доброволно присстапување, Што се случило од 09.10 до 11.12 значи за неполни два месеци Уставниот суд ја стопира постапката за утврдување на уставност. Значи на овие уставни судии не им е местото таму“, рече Марјан Ристевски, претседателот на КСОМ.

Инаку од КСОМ денеска го повторија барањето и за повисоки плати и рекоа дека на социјално-економскиот совет ќе разговараат со владата со цел да се изнајде договор за минималната плата биде 500 евра.

Љубиша Владимиров