Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

🎥 Крвава ноќ во Штип – Две убиства во градот

Две убиства во иста ноќ, во ист град. 65 годишна штипјнка со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две убиства во иста ноќ, во ист град. 65 годишна штипјнка со нож го закла 71 годишниот сопруг откако петходно ја фатил за врат. Истата вечер, 53 годишен поранешен угостител од Штип, пијан со нож ја усмртил 84 годишната мајка. Претходно и сопругата на убиецот починала на психијаттија каде била сместана по третиот обид за самоубиство. Како што пренесуваат медиумите од тој крај, угоститело по загубата на кафеаната и куќата се оддал на алкохол и коцка. Не само соругата и мајка, жртва бил и татко му кој починал со модринки што се поврзуваат со свирепиот убиец.

Ден претходно, јавноста беше згрозена од братоубиството во Кавадарци. 43-годишник, на 27 јули во вечерните часови, го убил помладиот брат, удирајќи го неколку пати со метален предмет по главата. Судот му одреди притвор.

На убиство претходела расправија меѓу браќата. Откако го убил, се обидел да ги прикрие трагите. Ја избришал крвта од подот и предметите, а телото го пренел во помошна просторија во дворот на куќата, каде го закопал и го покрил со шперплоча.

Реклама

Пред една недела, пак, пациент од психијатриската болница во Бардовци го уби цимерот со убоди од стаклено шише. Причината била за легло. Убиецот Димитар Спасов со одлука на Кривичниот суд во Скопје, од Бардовци е преместен во Шутка.

Министерот за здравство Азир Алиу е загрижен за случајот во Бардовци. Тој вели дека ако институциите не реагираат во иднина не очекуваат и други инциденти. За подобрување на менталното здравје кај граѓаните според министерот потребни се ескперти и мрежно поврзување на болнцата со сите потребни институции.

Ланската година бројот на умрени луѓе од насилна смрт е зголемен за 24 % во однос на претходната година и изнесува 511. Во случаите за наислство за кои статистика води МВР, мажите се побројни. Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најбројни се несреќните случаи или 78.5 %, самоубиствата 17.4 % и убиствата 4.1 %.