Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија – изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

– Кога зборуваме за постапката за именување амбасадори и генерални конзули, таа во одредена фаза е класифицирана и не смеам да коментирам за имиња. Кога се работи за амбасадорот во Софија, веќе постапката е во фаза кога таа веќе не е класифициран податок и можам јавно да споделам дека наш амбасадор во Бугарија ќе биде Крум Ефремов, професионален дипломат, еден од поквалитетните, би рекол, дипломати според мое мислење, иако имаме одлични колеги во рамките на МНР, но навистина квалитетен наш дипломат, актуелен директор на Директоратот за економска дипломатија при Министерството, кој служел како наш амбасадор во Украина во минатото и тој ќе биде наш амбасадор во Софија. Во моментот течат подготовките за негово заминување во Софија – рече Муцунски.

Тој потсети дека со измените и дополнувањата на Законот за надворешните работи, предложени од оваа Влада, се гарантира застапеноста на професионалните дипломати како шефови на дипломатско-конзуларни претставништва, со еден зголемен праг.

Реклама

– Со измените и дополнувањата што оваа Влада ги направи, а одобрени секако од Собранието, најмалку 50 проценти од нашите амбасадори и генерални конзули мора да бидат професионални дипломати од Министерството за надворешни работи. Праксата покажала дека предлозите што ги имаме пуштено од моментот кога ние ја имавме формирано Владата, над 60 отсто од кандидатите за генерални конзули и амбасадори се професионални дипломати. Значи, не само што се почитува законското решение, туку одиме и над минимумот што ние го поставивме на таков висок праг – посочи Муцунски.

На новинарско прашање за предлогот за нов амбасадор во Атина, за кој објавија некои од медиумите, Муцунски посочи дека не може да коментира бидејќи постапката е сè уште во фаза во која е класифицирана и поради тоа не може да го коментира името на кандидатот за амбасадор во Атина.