Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Kрпен живот со мал буџет во кој нема место за одмор, голем дел од граѓаните летово ќе останат дома

Со ниските плати и пензии за поголем дел од граѓаните во Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со ниските плати и пензии за поголем дел од граѓаните во Македонија е мисловна именка да заминат барем еднаш на годишен одмор надвор од земјава. Особено повозрасните граѓани велат дека не можат да се прошетаат како порано, кога одморот не се сметал за луксуз.

Соседна Грција е изборот на поголемиот број граѓани кои ќе одморат барем една недела надвор од границите на Македонија. Од туристичките агенции велат дека годинава за разлика од претходните интересот е уште помал поради актуелниот проблем со пасошите и задолжителната промена на новото име во нив, како и покачувањето на цените на аранжманите.

„Она што годинава можам да го забележам е дека интересот драстично е помал за разлика од претходните години и тоа се должи на две причини, првата е се уште актуелниот проблем со пасошите, втората е нормално покачувањето на цените. Значи цени кои се доста поскапени во однос на претходните години, па мислам дека оваа година тешко дека ќе можат луѓето да си дозволат по двапати да одат на море како што тоа го правеа порано, вели Силвана Јовановска од туристичката агенција ГО Травел.

Реклама

Од агенциите велат дека како најатрактивни дестинации за Македонците и понатаму е јужниот сосед, а потоа плажите во Турција, Албанија и Егпиет. Најмногу се бараат предсезонските термини затоа што тие се најевтини.

„Пред почетокот на сезоната најмногу се бараат предсезонските термини поради пониските цени. Нормално Грција е број еден дестинација која се уште се бара. Потоа тука нормално е и Албанија, имаме Турција, Египет, меѓутоа тие се веќе повеќе накај повисоките термини во сезоната. За во Грција преовладува интересот за првиот и вториот крак и островите, но пак ќе кажам со доста помал интезитет во однос на претходните години. Различна е структурата на луѓето кои што патуваат во јуни и септември, во однос на јули и август. Побарувачката нормално е поголема во јуни и септември, но тука оди повозрасната генерација. Јули и август одат помладите, кога ги користат своите главни одмори, а јуни го користат за да ги дотрошат старите денови од одмор“, додаде Јовановска.

Инаку според последната анализа која ја направи Евростат, открива дека на секој втор човек во земјава му е тешко да собере пари за одмор.

Анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“ базирана на податоци на Евростат покажала дека над половина од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор“.

Според истражувањето полоши од нас се Албанија, Романија, Црна Гора и Косово.

Љубиша Владимиров