Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Прилози

Кривична за поранешниот директор на РЕК Битола и уште деветмина – „протнале“ тендер поскап за три милиони евра

 Нема крај на криминалите кои се правеле во РЕК Битола. Екс директорот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Нема крај на криминалите кои се правеле во РЕК Битола. Екс директорот Пеце Матевски со соработниците во комбинатот и со помош од вработени во Бирото за јавни набавки успеале да наместат тендер со кој РУД-КОП ДООЕЛ Битола се офајдил за речиси 3 милиони евра. Финансиската полиција ги товари за несовесно работење и злоупотреба на службена положба и овластување за тендерот од 2022 година за ископ во Брод Гнеотино.

Според финансиските инспектори, Матевски, иако знаел дека Гранит АД Скопје има најповолна понуда, избрал да соработува со РУД-КОП и склучил договор во износ од 13,8 милиони евра.

  • Првопријавениот  П.М. противправно за најповолна понуда ја избрал поскапата понуда на РУД-КОП ДООЕЛ Битола и на ден 03.10.2022 година склучил Договор и рамковна спогодба за ископ на инвестициска откривка во Рудник Брод Гнеотино и Анекс 1 кон Основниот Договор од 21.09.2023 година на износ од 849.600.000 денари“ се наведува во кривичната пријава од Управата за финансиска полиција.

Со Матевски, соработувале двајца членови на стручната комисија кои ја отфрлиле понудата на Гранит, а сè да тече како „подмачкано“ се потрудиле и претседателот и двајца членови на Комисијата за јавна набавка кои ја ограничиле конкуренцијата.

Реклама
  • ..Пријавените ја ограничиле конкуренцијата и овозможиле првопријавениот П. М, во својство на директор на РЕК Битола да донесе Одлука за избор спротивно на член 112 став 1 од ЗЈН и да склучи договор за јавна набавка – рамковна спогодба за ископ на инвестициска откривка Рудник Брод Гнеотино со поскапиот понудувач РУД КОП ДООЕЛ Битола.. Противправно ја оцениле како неприфатлива понудата на Гранит АД Скопје, иако понудувачот бил најефтин и доставил прифатлива понуда…“ наведува Финансиска.

За да успее местењето на тендерот, биле вклучени и тројца вработени во Бирото за јавни набавки, кои последни дале зелено светло набавката да ја добие поскапиот понудувач. Тие не наложиле РЕК Битола да направи повторна евалуација на понудите, туку дозволиле да се потпише договорот со РУД – КОП – и буџетот го оштетиле за 3 милиони евра. 

Матевски е во „Шутка“ за случајот „Адитив“ , во кој исто така, се товари за местење тендери и изигрување на постапката за набавка на адитив за јаглен за потребите на комбинатот. Таа истрага од пред две недели, обвинителството ја прошири, и на првичните 23јца додаде уште осуммина осомничени.