Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Кривична пријава за пораншениот министер за култура: Се сомничи дека го оштетил буџетот за околу 500.000 евра

Управата за финансиска полиција до Oсновното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за финансиска полиција до Oсновното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Хусни Исмаили, поранешен министер за култура, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Несовесно работење во службата од член 353-в, ст.1 и ст.2 од Кривичниот Законик.

„Пријавениот Х.И. во својство на службено лице, министер во Министерството за култура, ја злоупотребил својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност на начин што во периодот од 27.06.2019 до 30.08.2020 година, на ден 24.07.2020 година, несовесно постапил на начин што потпишал решенија и склучил договори со правни и физички лица за финансирање на проекти во вкупен износ од 31.824.000 денари, иако бил свесен дека со извршениот ребаланс на буџетот од страна на Владата на Р.С.Македонија објавен во Службен весник бр.126 од 15.05.2020 година, недостасуваат финансиски средства за веќе преземените тековни обврски во однос на годишните конкурси за финансирање на проекти“, се вели во соопштението на Финансиската полиција.

Со горенаведените дејствија, Исмаили предизвикал штета на Буџетот на министерство за култура по основ потпишани решенија и склучени договори во износ од 31.824.000 денари, додаваат од Финансиската полиција.

Реклама

Исмаили министерската функција ја имаше во една од владите предводени од Зоран Заев. На функцијата беше избран на 27 јуни 2019, а ја извршуваше до 30 август 2020 година. За неговото министерување, Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) поднесе и иницијатива до обвинителството за негово гонење поради сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување во врска со договори и анекс-договори склучени на 24 јули 2020, а во врска со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес.

Во времето на владеењето на Димитар Ковачевски Хисни Исмаили беше и потпретседател на Собранието.