Реклама

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Македонија

Кривична пријава за поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска

Кривична пријава за поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за злоупотреба на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривична пријава за поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за злоупотреба на службена положба и овластување, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според МВР, Костадиновска-Стојчевска го превзела истиот договор кој го имал Град Скопје со фирмата изведувач. Спорно е што договорот бил истечен и потребно било да се распише нов тендер. На тој начин поранешната министерка на фирмата изведувач протизаконски исплатила повеќе од 27 милиони денари.

„И покрај тоа што Министерството (за култура) било задолжено да ги спроведе неопходните постапки за доделување на сите потребни договори за целосно и комплетно завршување на реконструкцијата на објектот, иако согласно одредбите на Законот за јавни набавки била должна да спроведе нова постапка за јавна набавка за избор на најповолен изведувач на работите за довршување на реконструкцијата на објектот, во име на Министерството за култура како наводен нарачател со правно лице од Скопје како изведувач, склучила Договор за преземање и отстапување на права и обврски од договор за јавна набавка на работи во вредност од 115 173 789 денари“, се вели во соопштението од МВР.

Реклама

Согласно тој договор, додаваат од МВР, Министерството за култура наводно ги преземало истите права, обврски и вредност од претходно склучениот договор помеѓу Град Скопје и истото тоа правно лице, иако знаела и била свесна дека претходно склучениот Договор за јавна набавка помеѓу Град Скопје како договорен орган и правното лице како носител на набавката за реконструкција на објектот на 04.09.2023 година бил со истечен рок за изведба на работите.

„За ова од страна на договорниот орган Град Скопје на Електронскиот систем за јавни набавки – ЕСЈН на 18.09.2023 година било прикачено и Известување за реализиран договор и предметот кај договорниот орган Град Скопје бил архивиран како завршен и како таков договорот не претставува правен валиден акт кој може да биде преземен“,се додава во соопштението од МВР.

Министерството за култура, врз основа на новиот договор, по доставени две времени ситуации од страна на изведувачот за изведени работи, на правното лице му исплатила вкупен износ од 27 197 845 денари. Со тоа било овозможено правното лице од Скопје, како изведувач на работите, да се стекне со противправна имотна корист во наведениот износ.

Советот на Град Скопје ја прифати иницијативата за времено предавање на ингеренциите за реконструкција на Универзална сала на Министерството за култура. Потоа на владина седница беше усвоена информацијата за пренесување на правото на реконструкција, доградба и надградба на Универзална сала, од Град Скопје на Министерството за култура.

Универзална сала е изградена како резултат на светската солидарност и помош по земјотресот во 1963 година.