Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Кривичен: Приговорите на обвинетите за убиството на Вања и Панче се одбиваат, на таткото на девојчето ќе му се суди за грабнување

Иако медиумите и надлежните изминатиот период најавуваа финиш на истрагата за бегалецот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако медиумите и надлежните изминатиот период најавуваа финиш на истрагата за бегалецот Љупчо Палевски Палчо, незивесно е до која фаза е истрагата и кога може да се очекува обвинение. Кривичен суд веќе го оцени обвинението за неговите соучесници и го распореди кај надлежен судија.  Палчо минатиот месец даваше исказ пред обвинител и негираше вина, но со оглед на одговорите од обвинителството, тешко дека летово тој ќе влезе во судница. Од обвинителството со кус одговор за фазите и текот на истрагата: се уште се преземале дејствија. 

„Во предметот се преземаат истражни дејствија за кои во моментов не сме во можност да споделиме детали“, велат од Обвинителство на Македонија.

Во меѓувреме, за останатите обвинети соучесници на Палчо, Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, кои се обвинети за две грабнувања и две убиства на свиреп начин, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски кој е обвинет за помагање при грабнување, советот на судии од Кривичниот суд, веќе го оцени обвинението, а оформениот предмет ќе го распоредат кај надлежен судија.

Реклама

„По разгледување и ценење на актот како и доставените приговори изјавени против обвинението од страна на одбраната на обвинетите, донесе решение со кое – Приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани, а Обвинителниот акт се одобрува во целост“, велат од Кривичен суд.

Иако Обвинителството водеше две истраги, од која едната финишираше со обвинение за сопартијците на Палевски и таткото на малата Вања, а друга за екстрадираниот Палевски Палчо, сепак очекувано е да им се суди на сите заедно во еден предмет.

Љупчо Палевски Палчо на 5 ти јуни негираше вина во Обвинителство, а според неофицијални извори, тој имал и алиби за периодот кога се случи убиството.

Од она што до сега е официјално познато од изстражните органи, Палевски на 27 ноември лани им давал насоки на Кешишов, Манев и Видевски, со автомобилот на претходно убиениот Панче Жежовски да ја грабнат Вања од зградата. Сознанијата за нејзиното излегување ги имале од нејзиниот татко. Откако ја киднапирале и ставиле во автомобил, по пат им се приклучил и Палевски и заедно се упатиле кон Бразда каде е извршено убиството на 14-годишното девојче. Палевски потоа беше во бегство во Турција, а тројцата соизвршители кои на 6 декември беа уапсени признаа вина. Палчо помина неколку месеци во притвор во Баликесир, по што беше депортиран во скопскиот затвор Шутка.

Паула Костадиноска