Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

„Криминалната империја“ само старт: Наредниот период ќе бидат откриени низа епски криминали на претходната власт

Епски криминал, само еден од низата кои ќе бидат откриени наредниот период.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Епски криминал, само еден од низата кои ќе бидат откриени наредниот период. Истражните органи влегуваат во сериозна битка со сомнежите за монжни кривични дела сторени во минатите седум годни. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека случајот т.н. криминална империја е само старт на битката против сомнежите за можен сторен криминал од претходната власт.

-Не би сакал да откривам сега детали околу истрагата, истрагата трае. Можам да кажам дека ќе биде епски голема, со епски голем криминал. Но, она кое што можам да го кажам е дека ова е една во низата во периодот кој што ќе следи во септември, октомври, изјави.

Според извори од истрагата, во случајот во кој главен осомничен е бизнисменот Ристо Крмзов, кој важи за еден од најблиските соработници на семејството на поранешниот премиер Зоран Заев, испумпувани биле милиони евра од државната каса, преку фирми на косовски државјани со измислени имиња, преку фиктивен поврат на ДДВ.

Реклама

Епскиот криминал во случајот „ Криминална империја“ се расплеткува на повеќе  нивоа и  открива сомнежи за криминал повеќе од очекуваното. Обезбедени се два камиони докази, а постои можност истрагата да стигне и до поранешната директорка на УЈП Сања Лукаревска како и поранешната директорка на Централниот регистар.

Според информациите до кои дојде Алфа, за криминалот и за работењето на Лукаревска, почнале да зборуваат и лица одвнатре, дел од Управата , па веројатно ќе се истражува дали и таа замешала „прсти“ во криминалната империја.

Дека постојат докази за корупција кај функционери од довчерашната власт, посочи и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој не сакаше да открива имиња, но најави дека секој кој се огрешил пред законот, ќе биде гонет од страна на полицијата.

-Мислам дека е јасен знак дека битката со криминалот и корупцијата е почната. Борбата со овој тип на криминал преку ноќ не може да даде резултат. Многу е мал бројот на човечки ресурси на соодветно професионално нови коишто се во рамки на институциите, коишто треба да се борат со тој криминал, немало соодветни обуки, лош менаџмент на техничките средства. Но, јасна е посветеноста на оваа раководство и оваа влада за борбата со корупцијата со високиот криминал, сакаме да се бориме и ќе се бориме, потенцираше министерот Тошковски.

Како дел од истрагата за овој случај извршени биле претреси во повеќе фирми, како и домови, но и во познатата „Вила Парк“ во Струмица, локал за кој јавна тајна е дека зад него стојат Заеви, но официјално има друг сопственик.

Во криминалите со кои се поврзува семејството Заеви е и испумпување на пари од поранешната Еуростандард банка, односно биле земани кредити и не биле враќани. Инаку акцијата за случајот „криминална империја“ за кој постојат сомнежи за повеќе кривични дела заеднички ја спроведуваат полицијата, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, УЈП во соработка со Министерството за финансии.

Матеја Петровски