Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Крај на забавата во дивиот забавен парк кај „Борис Трајковски“

Крај на опасната забава во дивиот парк кај салата „Борис Трајковски„. Полиција,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Крај на опасната забава во дивиот парк кај салата „Борис Трајковски„. Полиција, пазарни и градежни инспектори, како и инспектори од УЈП синоќа упаднаа во паркот за да проверат како една мала фирма од Чаир, без никаква дозвола и безбедносни стандарди поставила ризичен рингишпил. Направени се записници од консатираните прекршоци, а поведена е постапка за затворање на паркот и отстранување на опасните реквизити, меѓу кои е и панорамско тркало.

„Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со службени лица од Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и градежен инспектор од Општина Карпош излезе на лице место и презема конкретни соодветни мерки и активности од делокругот на својата надлежност и овластувања. Имено, од страна на инспекциските служби по преземените мерки и активности и констатираната фактичка состојба изготвени се записници за констатирана состојба додека од страна на овластен градежен инспектор од општина Карпош поведена е постапка за констатираните неправилности, по што ке бидат преземени конкретни мерки во насока на отстранување на истите, престанување со вршење на активноста, како и дислоцирање на реквизитите“, соопштија од МВР.

Екипата на Алфа беше на терен. Во моментот паркот не работеше, дел од реквизитите беа ставени на камиони, но не беше јасно дали се подготвуваат да ги дислоцираат или да ги местат од почеток. Работниците кои ги затекваме на лице место не сакаа да коментираат ништо. Ни рекоа дека организаторот на забавниот парк не бил тука и дека наводно средувал документи на царина. Претходно за дел од медиумите се правдаа дека реквизитите им се нови и дека ги имаат сите потребни сертификати и лиценци за работа.

Реклама

Инаку акцијата следи откако од град Скопје алармираа дека насилно се мести панорамско тркало во Карпош од фирма која била регистрирана само пред еден месец и додадоа дека не станува збор само за документација поврзана со производството на реквизитите, туку и стручноста на оние кои ги монтираат.

Љубиша Владимиров