Најнапред, дозволете ми да упатам искрена благодарност до сите граѓани на општина Брвеница кои вчера излегоа на гласање и го остварија своето демократско право на глас, се наведува во соопштението од прес – конференцијата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Драган Ковачки.
Особена благодарност до сите граѓани кои ја дадоа својата доверба и поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски.
Вчерашниот изборен ден завршува со одличен резултат за ВМРО-ДПМНЕ и со силна поддршка за нашиот кандидат.
Стојанчо Радичевски освои близу 3.000 гласови и убедливо го зазеде првото место во првиот изборен круг.
Опозицијата составена од СДС, ДУИ и Левица заедно освоија помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е резултат кој не прави горди, но пред се и не обврзува.
Му честитам на Стојанчо Радичевски за постигнатиот резултат, за посветеноста и за енергијата со која ја водеше кампањата.
Благодарност и до сите наши членови, активисти, симпатизери и поддржувачи кои во изминатиот период неуморно работеа, разговараа со граѓаните, ги слушаа нивните потреби и придонесоа за успехот.
Посебно сакам да ја истакнам позитивната атмосфера, заедништвото и големата енергија што ги почувствувавме во Брвеница во текот на оваа кампања.
Разговорите со граѓаните, искрените средби, подадената рака и поддршката што ја добиваме во сите населени места се најголемата вредност на овој изборен процес.
И токму тие моменти ни даваат дополнителна сила и мотив да продолжиме уште попосветено.
Почитувани граѓани, резултатот од првиот круг е јасен показател за довербата што граѓаните му ја дадоа на нашиот кандидат.
Ова е признание за вложениот труд, за непосредниот пристап кон граѓаните и за искрената желба, Брвеница да продолжи да се развива.
Пред нас е вториот изборен круг, кој ќе се одржи на 1 ноември.
Во него влегуваме со голема предност, со позитивна енергија, со уште поголема мотивација и со силно уверување дека граѓаните повторно ќе ја потврдат својата доверба.
Одиме на убедлива победа во вториот изборен круг и избор на Стојанчо Радичевски за градоначалник на општина Брвеница.
Нашата цел е Брвеница да биде општина на сите нејзини жители, со подобри услови за живот, нови можности и конкретни проекти што ќе донесат вистински напредок.
На крајот, уште еднаш, голема благодарност до сите граѓани на Брвеница за довербата, за поддршката и за достоинственото учество во изборниот процес.
Продолжуваме заедно, обединети и посветени на иднината на Брвеница.

