Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Ковачевски заборави да каже дека роднини на пола владини функционери си ги вдомиле во М-НАВ

Премиерот Ковачевски со едното око гледа непотизам во македонска навигација за претседателот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Ковачевски со едното око гледа непотизам во македонска навигација за претседателот на синдикатот, а вработените роднини на половина функционери на ДУИ и неговата влада, не може да ги види, обвинува пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој упатува на селективноста на премиерот во врска со семејните стебла во оваа институција.

Имено, сестрата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, снаата на вицепремиерот Артан Груби и внукот на министерот за земјоделиот Љупчо Николовски се вработени во контролата на летање.

Реклама

По упадот во контролната кула, премиерот Димитар Ковачевски веќе обелодени дека оваа институција се претворила во семејна фирма, каде се вработувале роднини и до трето колено, ни воопшто не ги спомна вработени роднини на функционерите од ДУИ и СДСМ.

Како што објави „Код“, Меѓу вработените во М-НАВ има и роднини на други функционери и политичари. Таму се и снаата и синот на поранешниот пратеник на ДУИ Ејуп Алими, внукот на советникот на директорот во М-НАВ Беким Незири, кој сега е осомничен за упадот во контролата на летање, а вработен е и внук на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши.

Роднините на Николовски и на Незири се вработени како помошници контролори, а во оперативниот дел работи и сестрата на министерот Османи. Останатите роднини работат во администрацијата на М-НАВ.

Упадот во М-НАВ кој се случи пред десетина дена освен што го отвори прашањето за безбедноста на македонското небо, ја отвори и пандорината кутија за непотизам во институцијата која има двократко повисоки плати од цела државна  и јавна администрација. Според информациите што се обелодените во јавноста, со години се вработуваат роднини на високи политички функционери од валдејачката коалиција.