Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Ковачевски со порака до својот наследник: Да нема министри од ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада

Талат Џафери да формира Влада без технички министри од ВМРО-ДПМНЕ. Ова е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Талат Џафери да формира Влада без технички министри од ВМРО-ДПМНЕ. Ова е желбата која на Водици ја соопшти актуелниот и уште неколку дена премиер Димитар Ковачевски, ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, не гласале собранискиот спикер да биде премиер.

-Доколку ВМРО-ДПМНЕ  реши да не гласа за таа Влада, тогаш сметам дека тие места треба да останат празни, мандатарот да предложи Влада во кои што тие места ќе бидат испразнети. И во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ ќе реши да ја поддржи Владата, тогаш наредниот ден ќе може да предложи и во истиот ден да се изгласаат министрите кои што на нив им следуваат, изјави Ковчаевски. 

Овој став на Ковачевски е контра претходниот, повторен повеќе пати, дека ВМРО-ДПМНЕ има законска обврска да има министри во техничката Влада. Став кажан во моменти додека партијата на Мицкоски размислуваше дали воопшто да учествува во владиниот состав кој ќе го води сегашниот собраниски спикер. 

Реклама

-Сметам дека не постои причина, во овој случај ВМРО-ДПМНЕ да не ја исполни својата законска обврска, бидејќи тоа предлагање произлегува од закон за Влада и од закон за избори, изјави Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ решија да учестуваат во техничката Влада, со цел да спречат како што кажаа евентуална изборна кражба, за што велат биле подготвен во владејачкото мнозинство.

-Мојот став е јасен, а тој став ќе го соопштам и на Извршниот и Централниот Комитет, Талат Џафери не ја заслужува поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и ќе се воздржиме од гласање, изјави Мицкоски.

На зборовите на Ковачевски, експресно реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ. Ова биле евтини трикови и надмудрувања кои биле очекуваниод Ковачевски и неговата власт. Велат дека останува на нив да одлучат дали ќе го почитуваат или кршат законот, со цел загрозување на изборниот процес. Велат и дека законот не познава предлози за министри „празно место“

Инаку, извори од Мала Речица за телевизијата Клан Македонија кажале дека пратениците на оваа партијата нема да ги поддржат предлозите за министри во Техничката влада кои доаѓаат од ВМРО ДПМНЕ.

Матеја Петровски