Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Прилози

Ковачевски останува под лупа на обвинителите: Кривичната пријава за него не е отфрлена, само засега немале доволно аргументи

Обвинителството засега го поштеди и одбрани поранешниот премиер. Иако не ја отфрлиле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителството засега го поштеди и одбрани поранешниот премиер. Иако не ја отфрлиле кривичната пријава која ја поднесе МВР за случајот Лотарија, тие во неа се уште не нашле доволно аргументи да го гонат Димитар Ковачевски. Покрај него во моментов Обвинителството немало докази да отвори постапка ниту против поранешниот владин ген сек Методија Димовски. Но, и двајцата остануваат под лупата на обвинителите.  

-Кривичната пријава за наведените лица не е отфрлена. Основното јавно обвинителство Скопје во овој предмет постапуваше по поднесени кривични пријави и од Министерството за внатрешни работи и од Управата за финансиска полиција. По сите преземени дејствија од сите надлежни институции во конкретниот случај до овој момент се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека наведените шест лица презеле дејствија со кои исполнуваат обележја на кривичните дела за кои беше поведена постапка. За останатите наводи од пријавите проверките продолжуваат, велат од ОЈО.

Симпотматично е пак што поранешниот премиер, чие име веќе два дена се поврзува со сериозен криминал, го нема никаде да реагира. Се обидовме во контакт да стапиме со Ковачевски, со цел да добиеме негов став околу кривичната пријава поднесена од МВР, но на едниот телефон не креваше, другиот му беше исклучен.

Реклама

Обвинителството основ за поведување постапка виде кај сите други шест осомничени, меѓу кои и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. Тој заедно со Димитар Ковачевски, претседаваа со владината седница, кога беа донесени одлуките да им се дозволи на три трговски друштва да приредуваат игри на среќа, односно ја одобрија одлуката на Управниот одбор на Државна Лотарија, како што стои во точката 124 од одржаната седница на 3 јуни 2023-та. Како и за точката 125 каде што ја задолжуваат Лотарија да ги преземе потребните активности за започнување самостојно приредување на интернет игри на среќа. Според Обвинителството во кривичната не биле опфатени овие делови.

Министерот за внатрешни работи вчера соопшти дека пријава била поднесена против осум лица, а покрај Груби и против поранешниот директор во Лотарија, Прпарим Бајрами.

-Кривична пријава против 8 физички лица од кои едниот е поранешен премиер, едниот е поранешен вицепремиер, едниот е поранешен директор на едно правно лице и едниот е поранешен генерален секретар, останатите се да речеме еве државни службеници коишто работат во рамки на едно од правните лица, изјави Тошковски.

Во моментов за органите недостапни се Груби и Прпарим Бајрами, кои се во бегство. Едниот во неделата замина за Косово, а подолг период во државата не е ниту поранешниот директор на Државна лотарија.

Матеја Петровски