Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Костов: Со визија и водство, до политичко, дипломатско и инвестициско постигнување

Премиерот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, заедно со Премиерот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, заедно со Премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, објавија дека Владите на Република Македонија и Велика Британија, постигнале согласност за Договор за стратешко партнерство на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска со Република Македонија

Ете, тоа е имање на визија во политиката и нејзино конкретно остварување. Тоа е лидерство. После минатогодишното зближување со тимот на претседателот на САД, Доналд Трамп, и најавата за блиска и плодна политичка и економска соработка од неколкуте остварени средби на премиерот и членови на владата на Р.М. со најблиските соработници на Трамп, еве сега на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана, добиваме информации за постигнат договор за стратешка соработка со Обединетото Кралство. Тоа за нас и регионот е настан од историско значење. Тоа е договорена соработка со една од најголемите светски сили на политички, економски, финансиски план.

Сите знаеме дека Велика Британија е земја со најдобро организирана дипломатија, дека заедно со САД нејзините политики се највлијателни во меѓународната заедница и неспорен е фактот дека Лондон е светски финансиски и културен центар. Многу битен е и фактот што Лондон е и светски центар на модерните и креативни индустрии, кои на нас како мала држава ни се повеќе од потребни. И сега, повторно, што значи за Р.М. овој стратешки договор?

Реклама

Пред се, стратешкиот договор значи шанса, прилика и конкретна можност за добивање на британска експертиза, стратешки реформи, финансиска поддршка и помош и секако најконкретни и неопходни инвестиции, во повеќе области, а особено во енергетиката и иновациите. Понатаму, сето ова отвара конкретни перспективи за соработка и поддршка во многу важни области за севкупниот развој на Македонија, како што се економијата, инфраструктурата, образованието, здравството, транспортот, безбедноста и сл. Секако, не треба да се занемари и можноста за засилен политички дијалог и потребна координација на планот на глобалните безбедносни предизвици, во рамките на меѓународните организации.
Е па, мои почитувани Македонци ова не е мала работа. Ова е потврда на дефиницијата дека политиката е уметност на можното и неможното. Еве, и едното и другото го имаме од Владата на Република Македонија, предводена од Христијан Мицкоски и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ.

А на душебрижниците наши и странските недобронамерници, кои веќе оркестрирано го напаѓаат стратешкиот договор, да им кажам дека Обединетото Кралство не е Тајван. Шест милијарди евра инвестиции за Македонија од Обединетото Кралство, претставуваат голем пријателски гест и уште поголема конкретна поддршка за сестран развој и напредок на Македонија, пишува во својата анализа познатиот аналитичар Сотир Костов.