Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Уставните судии го одложија одлучувањето за законот за јазици; Костадиновски: Нема да дозволам Уставниот суд да биде уценуван

Прво подготвителна седница со правни експерти, а потоа конечна одлука за оспорените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прво подготвителна седница со правни експерти, а потоа конечна одлука за оспорените членови за Законот за јазици, вака заклучија уставните судии. Клучните пораки ги испрати претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски. Рече дека работат под притисок и политичко насилик, заради што се приморани да ги уверуваат граѓаните – оти политичарите ја доведуваат во прашање нивната независност.

  • Повеќе пати имам кажано дека нема да дозволам Уставниот суд да биде уценуван од никого и нема да дозволам да биде под притисоци и закани од било кого. Секој што мисли дека владеењето на правото, правната држава ќе ја попречат со политичко влијание и со манипулации, воопшто да не се трудат. Такво нешто нема да се случи. Уставниот суд има јасни надлежности, ги црпи од Уставот. Уставниот суд е чувар на Уставот и го чува во таква форма, таков како што е“, нагласи Костадиновски.

Седницата беше бојкотирана од судиите од албанската етничка заедница, Насер Ајдари и Осман Кадриу, кои не се појавија на работа. Фатмир Скендер пак ја напушти седницата оти не требало да одлучуваат без двајцата колеги.

  • „Моите ставови нема да можат да бидат слушнати од отсутните судии, затоа јас нема да присуствувам на расправата по првата точка“, рече Скендер.

Предлогот за подготвителна седница на која ќе се дебатира за спорните одредби дојде од судијата известител Елизабета Дуковска. Таа доби поддршка од четворица судии, додека против беше Добрила Кацарска, која инсистираше Законот за јазиците да се „реши“ веднаш.

Реклама
  • „Не гледам потреба да ја прашаме правната фела дали овој закон е уставен или не. Венецијанската комисија веќе има мислење за овие прашања ние треба да одговориме, бидејќи ние сме уставни судии“, рече судијката Кацарска.

Претседателот Костадиновски и колешките Дуковска,Васиќ-Бозаџиева, Дабовиќ-Анастасовска и Павловска-Данева одлучија дека треба да се консултираат со правници,  за да дадат издржани одговори за оспорените членови од законот за јазиците пред јавноста.

  • „Мислам дека е добро да слушнеме аргументи од сите, не дека тоа ќе го промени нашиот став во однос на тоа дали е во согласност на Уставот или не. Сметам дека предлогот на судијата известител е во ред, бидејќи граѓаните ќе бидат запознаени како и политичарите бидејќи ниту разбираат ниту знаат која е улогата на Уставниот суд. А тоа е да ја цени уставноста на законите“, рече Дабовиќ-Анастасовска.

Од улица и со шатори не се брани Уставот, децидни се мнозинството од уставните судии. Велат „треба да бидеме транспаретни пред граѓаните за нашите одлуки, а не пред политичарите. Ниту еден од нас не треба да потклекне на политички притисок“ им порачаа на колегите на Ајдари, Кадриу и Скендер кои не присуствуваа на денешната седница.