Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Корупцијата главна причина зошто Македонија е слаба во делот со справување на еколошкиот криминал

Корупцијата е главна причина зошто Македонија е многу слаба во делот со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Корупцијата е главна причина зошто Македонија е многу слаба во делот со справувањето со еколошкиот криминал. Легислативата во сферата на заштита на животната средина е исклучително добро пресликана, согласно европската легислатива, но проблем се јавува во неговата примена. 

Дарко Блинков од државниот инспекторрат за животна средина, вели дека казни за сторителите на ваквите еколошки кривични дела има, но тие се недоволни.

„Случајот еве со Основниот суд Гостивар со таа депонија што изгоре, казната беше само 100 евра и 1000 денари само за судски трошоци. А трошоците и комплетно деградацијата на животна средина беше непроценлива. И никогаш, иако во законодаството за животната средина е неусогласено со законот за прекршоци, навистина се високи санкциите до 240.000 евра, никогаш нема да бидат адекватни, доколку ги ставите на вага, она што е уништено повеќекратно во споредба со она што ќе биде платено“, рече Дарко Блинков од Државен инспекторат за животна средина.

Реклама

Познавачите велат дека кога Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ, поглавјето за животната средина ќе биде едно од најскапите и тогаш нема да може да имаме фабрики што на толку лесен начин ќе може да ја загадуваат животната средина. Нема да можат во реките и водите да се слеваат отпадни води како што тоа се прави сега. Тие излегоа и со свој сет од предлози и мерки за тоа како може да се подобрат работите во наредниот период.

„Ние како Факултет за безбедност многу одамна се залагаме да се формира посебен сектор во Министерството за внатрешни работи кој што ќе се занимава исклучително и само со сузбивање на еколошкиот криминал“, рече Марина Малиш Саздовска од Факултетот за безбедност Скопје

Од јавното обвинителство велат дека засега не можат да се пофалат со многу решени случаи на еколошки криминал.

„Ние како обвинителство имаме многу малку реализирано случаи, посебно немаме некој капитален случај што би бил за гордост на обвинителството. Нашето обвинителство доаѓа во контакт со овој вид на кривични дела најчесто затоа што ваквите кривични дела, 99,99%, не може да се направат без да има тука вклученост на корупција. Корупцијата е она што најтешко се докажува“, рече јавниот обвинител Сузана Мирческа Кузмановска.

Инаку државниот инспекторат за животна средина во втората половина на минатата година изготвил 244 решенија за утврдени неправилности и покренал прекршочни постапки против правни и физички лица во износ од над 300 илјади евра, а поднел и две кривични пријави против непознат сторител. 

Љубиша Владимиров