Реклама
Прилози

„Корупцијата се уште слон во просторијата“: Македонија направи многу жртви и местото и е во ЕУ

Долги години корупцијата е еден од најголемите проблеми во Македонија, слонот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Долги години корупцијата е еден од најголемите проблеми во Македонија, слонот во просторијата, како што пластично објасни Хозе Антонио Морено Диаз, претседател на постојаната група на Европскиот економски и социјален комитет за фундаментални права и владеење на правото. Државава треба да работи многу сериозно и на суштински реформи во правосудството, што е една и од клучните цели на властите во земјава. Морено Диаз порача дека Македонија има добра законска рамка, добри институции, но запишаното на хартија треба да се преточи и во пракса.

-Во однос на владеењето на правото, корупцијата секако е слонот во просторијата, тоа беше спомнато во сите панели. Но, нашите колеги посочија проблеми и во однос на судството, особено финансирањето, буџетот на судството, проблеми со персоналот, со пристап до стручни лица во судството, во Обвинителството, изјави Морено Диаз.

Македонија во текот на минатиот период активно работи на спроведување на реформската агенда со цел придвижување напред во евроинтеграциите. Првиот вицепремиер и министер за евроинтеграции Беким Сали, порача дека државава сторила многу жртви и нејзиното место е во европското семејство.

Реклама

-Имаме донесено тешки одлуки, имаме донесено реформи кои доста изискуваат и останвуаме цврсто усогласени со вредностите на Европската Унија и нејзините политики. Меѓутоа, реформите мора да се преточат во подобро владеење, посилни институции и во подобрен квалитет на животот за нашите граѓани, изјави Сали.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески порача дека кај македонските граѓани постоел скептицизам во однос на евроинтеграциите, но раоботите почнале да се движат во позитивен правец последниве две години.

-Ние сме многу скептични во поглед на придвижувањето кон Европската Унија. Меѓутоа, морам да кажам дека последниве две години, како со реформските чекори, со реформската агенда, со други мерки кои се презедоа некако станаа поблиски и појасни тие работи, изјави Азески.

На патот кон Европската Унија учество земаат и претставници од невладиниот сектор во државата. Оттаму пораката е дека потребно е на секое поле да се изградат посилни врски со другите земји аспиранти за членство.

-Ние пак треба повеќе да ја искористиме можноста да се поврземе со останатите кандидати од источното партнерство, со Украина, со Молдавија. Мислам дека тука имаме простор со оглед на заедничкото учество да ги градиме тие врски, изјави директорката на Институт за европска политика Скопје, Симонида Кацарска.

Македонија на патот кон Европската Унија е блокирана поради бугарските условувања и францускиот предлог, што го прифати власта на СДСМ и ДУИ, па сега Бугарија го користи да не уценува.

Матеја Петровски