Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Корупција и криминал ја заматија водата во Струга, спасот се бара во заштитена зона и затворање на каменоломите.

Петгодишната експлоатација на минерални суровини во близина на изворите во Шум е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петгодишната експлоатација на минерални суровини во близина на изворите во Шум е последица на владеењето на една корумпирана власт. На потег е обвинителството, вели заменик-министерот за правда Ален Деребан. Тука станува збор, вели, за кривично дело нелегална експлоатација на минерални суровини, кое не смее да помине неказнето, бидејќи оние што го вршеле тоа дело немале никаква дозвола ниту концесија за работа.

„Под значителна штета Кривичниот законик подразбира штета или корист во висина од 50 просечни плати, за тоа дело е предвидена казна затвор од 1 до 10 години. Работа на обвинителството е во оваа предистражна постапка да пронајде докази со кои ќе утврди причинско-последична врска на нелегалната експлоатација со загадување на изворите за пиење. И во тој случај да отвори предистражна постапка и да ги гони сторителите и за други кривични дела, како што е загадување на водата за пиење или, во најлош случај, екоцид“ – вели Ален Деребан, заменик-министер за правда.

Во Македонија има 4.400 до 6.000 извори, а само 35 имаат капацитет од 100 литри вода во секунда. Еден од нив е токму изворот во Шум, кој го снабдуваше градот и околината со чиста вода. Направени се системски пропусти, како резултат на институционална негрижа и на централно и на локално ниво, категоричен е претседателот на струшкиот градски совет. Заштитните зони се предвидени со Законот за води, а она што требало да се направи е да се побара од Владата да донесе одлука за определување на заштитни зони, како што тоа се направило во 2021-та за изворот Рашче на подножјето на планината Жеден.

Реклама

„Никој засега не е повикан на одговорност, затоа ние ќе предложиме во заклучоците итна ревизија на претпријатието. Како треба да се објасни дека во прва заштитна зона, велите, имаме фекалии? Недозволиво е да има угостителски објект во прва заштитна зона на самиот извор, недозволиво е да имаме нерешена ситуација со оградување на најтесната заштитна зона. Недозволиво е да имаме нерешен правен статус и односи внатре во таа потесна заштитна зона“ – вели Мите Стефоски, претседател на Совет.

Советот ја задолжи општината итно да побара од надлежните институции да извршат проценка на настанатата еколошка штета, проценка на можните ризици по здравјето на населението, утврдување на потребните мерки за санација и заштита и воспоставување систем на континуиран мониторинг. Да се направат измени на урбанистичката и планската документација со цел трајна заштита на извориштето и забрана на активности кои можат да го загрозат водоснабдувањето. Да се затворат каменоломите, бидејќи во спротивно постојано ќе има заматување на водата, а стружани никогаш нема да бидат сигурни каква вода пијат.