Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Користењето на фосилни горива, Битола и Македонија ги вбројува меѓу рекордерите по смртност

С`е поголема е смртноста на светската популација поради употребата на фосилни горива.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

С`е поголема е смртноста на светската популација поради употребата на фосилни горива. Оваа констатција се нотира во престижниот интернационален магазин “Економист“ со студијата на истражувачите од американскиот универзитет “Харвард“, Универзитетскиот колеџ од Лондон и Бирминген од Велика Британија. Истражувајќи ја животната средина, дошле до фрапантни бројки дека во 2018 година 8,7 милиони луѓе починале од причини поврзани со аерозагадувањето или 20% од вкупниот морталитет, а само три години претходно, тие бројки биле двојно помали. Во глобалните рамки, според смртност и број на жители, Македонија котира многу високо, а Битола е скоро до самиот врв. Неспорно е дека греењето со фосилни горива и РЕК “Битола“ се главни генератори на убиствените ПМ – честички, на што укажуваат и екологистите.

-Смртноста во Битола е енормно зголемена и се зголемува од година на година. Веруваме дека е токму од користењето на фосилните горива. Интересно е што во наводници, оној кој ги користи фосилните горива, ги обештетува трите општини кои гравитираат околу РЕК, со тоа што, Битола добива дури 15 милиони денари од касата на РЕК “Битола“ за користење на фосилни горива- рече Душко Груевски, екологист од Битола.

Од РЕК “Битола“, кои деновиве добија катил ферман од Инспекторатот за животна средина заради повеќе еколошки слабости , во писмениот допис за АЛФА велат дека со последните мерења од 6 месеци, нема отстапување од дозволените параметри во емисијата на честички од согоорувањето на јагленот, а последните три години се прават напори да се постигнат саканите еко- стандарди во производството на електрична енергија.

Реклама

Но, каква е стојбата во Битола според бројот на малигни заболувања? Иако податоците со децении се кријат како да се класифиицирани информации, сепак здруженијата на болни од тумори вадат црни статистики дека заболуваат по 500 биолчани годишно од малигни тумори, а секој ден ден се регистрира по едно заболување од тумор на дојка. Згора на с`е, демографските движења во последниот квартал на ланската година, се надоврзуваат со најпоразителниот факт- во тој период имаме 161 новороденче и 520 починати или природен прираст од – 359 лица.

–  Последниве демографски движења покажуваат толку негативни трендови, на пример, три пати повече починати отколку родени, но и факт не само економските, миграциските и другите движења, туку и екологијата можеби најмногу, си го прави своето. Емисијата на загадувањепостојано генерира болни од тумор и луѓе кои починуваат.

Петар Стефановски