Реклама

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Прилози

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во сабота – стратешки документи кои ќе ја дефинираат иднината на партијата како владејачка структура

Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ закажан во сабота ќе ја претстави “Визијата како се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ закажан во сабота ќе ја претстави “Визијата како се гради држава“. Ќе се бира претседател на најголемата владејачка партија, членови на статутарната комисија и дел од другите партиски тела. Лидерот и премиер Христијан Мицкоски уверува – со внатрепартиската катарза и освежувањата во Владата кои следат, ќе се трасира патот како понатаму ќе се функционира, и во рамки на партијата но и генерално на државно ниво. Од Кавадарци треба да стигнат и неколку стратешки документи, со кои партијата сака да ја дефинира својата иднина како владејачка структура.

На брифинг со новинарите, Мицкоски соопшти дека промените ќе почнат но нема да застанат со Конгресот. Во втората половина на декември се очекува да бидат изгласани новите министри, но најави и своевидна реконструкција на пролет.

Во сабота ќе се претстави визијата за едно ново поглавје, визија за тоа како ќе функционира ВМРО-ДПМНЕ но и Македонија до 2030 година. Ќе бидат присутни околу 1800 гости и околу 850 делегати. По Самитот во Брисел, кој ќе се одржува во 15 до 18 декември, ќе се гласаат и министрите. Освежувања и реконструкција планирани се за периодот април-мај. Со промените во партијата, по Конгресот, почнува катарзата, која потоа ќе се преточи на ниво на Владата, рече Мицкоски.

Реклама

Дали владејачката партија е спремна за евентуални предвремени избори – прашање кое се отвори на брифингот. Мицкоски вели дека, како партија се спремни, но тоа би значеле дополнителни трошоци за државата, техничка влада која би стопирала голем дел од процесите за напредок, посебно во делот на евроинтеграциите. Што се однесува до поддршката, вели дека на последните анкети се забележува големо водство на неговата партија, во однос на опозициската СДСМ.

Мицкоски сподели и детали како се одвиваат процесите во рамки на реформската агенда. Факт е дека треба да ги завршиме домашните задачи но она што дополнително го кочи процесот е секако спорот со Бугарија. Порача дека официјална Софија треба да се одлучи, дали ова е билатерален спор или само наш проблем. Што се однесува до позициите на Македонија – тие се јасни, нема веќе отстапки, но сме спремни за разговор.

Нема партнер за танго. Бугарија нека одлучи, дали ова е билатерален спор, и да го решаваме заедно, а ако е само наш приблем, да го решаваме во ЕУ. Ние мора да имаме гаранции, дека ова ќе биде последната блокада од Бугарија, од билатерална природа. Но знаеме дека не се само уставните измени – после ќе се отгворат други историски прашања, рече Мицкоски.

Дополнително на најавените кадровски освежувања и реформските чекори што ќе произлезат Конгресoт, значајна улога ќе има и новиот стратешки правец што партиското раководство го подготвува за наредните години. Опфатени се повеќе области – од економски раст и инфраструктурни инвестиции, до енергетска сигурност и реформи во образованието и здравството – а нивната промоција, најавена за сабота, има за цел да испрати јасна порака дека партијата настојува не само на внатрешно обновување, туку и на пошироко државно „преобликување“ во годините што следат.