Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Конференција за одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз

Во организација на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу грин“ – Скопјe, денеска ќе се одржи конференција за одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз. Како што информираат организаторите, конференцијата има цел да поттикне дијалог, соработка и размена на искуства меѓу сите чинители […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу грин“ – Скопјe, денеска ќе се одржи конференција за одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз.

Како што информираат организаторите, конференцијата има цел да поттикне дијалог, соработка и размена на искуства меѓу сите чинители што работат кон создавање поквалитетен и поодржлив транспорт за сите граѓани. 

Учесниците на конференцијата ќе имаат можност од прва рака да ги искусат разните форми на јавен и активен превоз преку организирано возење со автобус по трасата на БРТ, возење по Рута 2 од најавениот градски воз и велосипедска тура на скопската велосипедска инфраструктура.