Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Конечен крај за загадениот воздух во Скопје најавија Мицкоски и Ѓорѓиевски: Тука сме да работиме, а не да глумиме политика

Под мотото „Прво човек, потоа градоначалник“, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Прво човек, потоа градоначалник“, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ го претставија својот кандидат за градоначалник на Скопје – Орце Ѓорѓиевски.  Настанот се одржа пред бројни граѓани, во атмосфера на надеж за нов почеток и поинаков пристап кон водењето на главниот град.

Ѓорѓиевски истакна дека функцијата не смее да биде само титула, туку пред се обврска кон граѓаните, кон секој еден скопјанец.

„Ова не е глас само за мене. Ова е глас за надежта, работата, решителноста. За иднината во која нашите деца ќе растат онака како што ние немавме шанса,“ рече Ѓорѓиевски.

Реклама

Тој најави конкретни чекори уште во првите 72 часа – генералка на Скопје како и целосна акција во идниот период против дивите депонии. Во програмата се планирани нови паркови и зелени површини, пошумување, еко-бригади, како и уредување на кејот на Вардар по модел на европските метрополи.

На настанот зборуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, порача дека градот мора да ја надмине сегашната состојба и дека потребна е отчетност на сите нивоа.

Скопје денес е загубен во дневната политика, а жртва се граѓаните. Лоцирање одговорност мора да има за упропастениот град и оставениот хаос. Многу работа, посветеност и вистински луѓе на вистински места, тоа му е неопходно на Скопје, а Орце е вистинскиот избор, рече денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Со ова, Мицкоски испрати порака дека граѓаните ќе имаат јасна гаранција за транспарентност и отчетност на идните локални власти.

Носител на советничката листа која брои 45 кандидати за советници е професорот Даме Димитровски, кој  порача дека изборите се момент за обединување и заедничка одлука за иднината.

Ова е битка за нашите семејства и деца. Сите заедно можеме да изградиме Скопје каде што ќе бидеме горди што живееме, изјави Даме Димитровски – кандидат за советник на град Скопје

Тој потсети дека листата за советници ја сочинуваат луѓе со кредибилитет и професионален интегритет, подготвени да работат транспарентно и во интерес на граѓаните.

На промотивниот настан пораките беа дека визијата на коалицијата е Скопје да стане зелен, безбеден и европски град – со ред во урбанизмот, современ јавен превоз, уреден кеј на Вардар и културни институции што ќе го вратат градскиот дух.