Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Кондарко за РСЕ: Два потписа не се единствен услов за кандидатска листа, ДИК има механизми за непречен изборен процес

И покрај можната „инфлација“ на независни кандидати со само два потписа, претседателот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај можната „инфлација“ на независни кандидати со само два потписа, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко уверува дека има механизми да се обезбеди непречено спроведување на изборите. Можно е изборниот процес да поскапи, но, како што вели, правото на учество во изборите е загарантирано.

Кондарко, во интервју за РСЕ вели дека рокот за поднесување на листи е 13-ти септември, по што ќе се знае колку ќе бидат пријавени, колку ќе ги исполнат условите, колку ќе бидат потврдени. 

Во однос на анализите и предупредувањата за инфлација на кандидатски листи, Кондарко посочува дека ДИК има овластувања да носи соодветни одлуки и да ги прилагоди на актуелната ситуација, со цел да обезбеди непречено функционирање и одвивање на сите дејствија во изборниот процес и гласањето.

Реклама

-Има шпекулации што би можело да се случи. Не би било добро да се коментира однапред, останува да се види постапката околу формалниот дел за поднесување на кандидатски листи трае. Единствен услов не се само најмалку два потписи за поднесување на листа, во услови кога тоа прашање не е регулирано од страна на Собранието, ДИК согласно член 31 став 2.2 има обврска да донесе правилник за регулирање на постапката за поднесување на кандидатски листи, односно потписи за независните кандидати, за група избирачи. ДИК тоа го направи. ДИК со тоа упатство не излезе надвор од законот, туку ја прилагоди на конкретната ситуација, изјави Кондарко.

Прашањето околу потписите, според Кондарко, не беше непознато и не се појави сега по распишувањето на избори, укажувајќи дека тоа било познато уште во мај, по одлуката на Устваниот суд. -Во услови кога постои правото загарантирано во законот на учество на група избирачи, ДИК не може да го ускрати учеството на оваа категорија учесници во изборниот процес и тој процес мора да тече, нагласува Кондарко. 

Според претседателот на ДИК, потребен е целосно нов Изборен законик со попрецизно дефинирани изборни правила со оглед овој закон не ја опфаќа само работата на изборните органи, туку и финансирањето на партиите, кампањата, медиумите. 

-Јас во една прилика кажав дека најголема потешкотија ни создава законот, Изборниот закон кој повеќе од 30 пати од 2006 навака е изменет и дополнуван, меѓутоа има многу нејаснотии, многу непрецизности што ни создаваат правни, ни отвораат правни прашања и ни создаваат предизвици кои мора да ги надминуваме во склад на законитост, на транспарентност, на еднакво воспоставување на еднакви правила на игра за сите учесници во изборите, вели Кондарко.

Првиот круг од локалните избори 2025 се закажани на 19 октомври, а вториот круг е предвидено да се одржи на 2 ноември.