Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Концерт на Мартин Џорлев, Нинослав Спировски и Мартин Георгиевски 

Во Социјалниот центар „Дуња“ вечер ќе настапат со заеднички сет Мартин Џорлев…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Социјалниот центар „Дуња“ вечер ќе настапат со заеднички сет Мартин Џорлев (гитара), Нинослав Спировски (саксофон, кларинет) и Мартин Георгиевски (електроника).

Мартин Џорлев е познат по својот значаен придонес кон локалната и регионалната сцена, особено преку успехот на инди-рок/пост-панк бендот Луфтанза. Неговата кариера почна како дел од различни музички состави и проекти, како што се Zulu 3.4, Lufthansa, Стој, После! И Животни, кои оставија белег на македонскиот креативен пејзаж.

Нинослав Спировски е македонски фри џез кларинетист и саксофонист, дел од генерацијата што го поттикна новиот бран на импровизирана музика во земјава. Како еден од најактивните учесници на сцената, застапува личен израз и оригиналност надвор од традиционалните џез шеми. Најпознат е по работата со Светлост и Светлост + Одрон Ритуал Оркестра, а учествува и во бројни други состави.

Реклама

Мартин Георгиевски настапува како Amplidyne Effect од 2009 година, а фокусиран е на електронска, амбиентална и експериментална музика, претежно во форма на импровизирани сесии. Има издадено бројни изданија, а музиката ја изведува соло и со бендови како Post Global Trio, Meissa Ionis, ТРИМА и Светлост + Odron Ritual Orchestra. Настапувал на Pohoda Festival во Словачка, PNEM Soundart Festival во Холандија, De:sonanz, Скопскиот џез фестивал и многу други.

Влезот е препорачана донација за артистите.