Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Коњановски: Битола е едно огромно градилиште со изградба на влезот во градот, обиколница за поврзување со Грција и пречистителна станица

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел-дискусијата – 4 години инвестиции во инфраструктурата, имаше градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека Битола не е слепо црево како во минатото, со тоа што сега се гради забрзано, се вложува во инфраструктурата, со изградба на влезот на Битола, комплетна инфраструктура со пешачки и велосипедски патеки и нова обиколница во индустрискиот дел-улицата „Бурса“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Битола во изминатиот четири годишен период е навистина едно огромно градилиште. Не е повеќе слепо црево како во минатото. Влезот во Битола го правиме, едно велелепно булеварско решение, првата третина е веќе при завршување првите 800 метри, булеварско решение со сите стандарди, со комплетна инфраструктура со пешачки патеки, со велосипедски патеки, градот веќе има сосема друг лик и во тој однос. Во делот на инфраструктурата имаме откочување на еден процес којшто беше заглавен и еден кредит којшто беше заборавен за обиколницата Бурса или индустриска која ќе ја поврзува Битола со грчката граница и ќе имаме еден паралелен пат“, рече Коњановски.

Градоначалникот Коњановски истакна дека со вториот повик за аплицирање Битола е лидер со 65 проекти со кои ќе се менува структурата на градот и ќе се добие нов лик.

Реклама

„Би сакал да ја потенцирам огромната поддршка којашто ја имавме во делот на унгарскиот кредит од Владата, никогаш сме немале таква финансиска поддршка, со овие два повици Битола има повеќе од 15 милиони евра, тоа ни даде поттик да работиме на проекти кои сега ги имаме. Битола во вториот повик е лидер со 65 проекти, ја менуваме структурата на градовите, Битола е староградско јадро, ја менуваме водоводната инфраструктура, преку 50 км улици се направени овие 4 години, градежен бум имаме во секој град не само во Битола“, вели Коњановски.