Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

КОМПРОМИС vs КОМПРОМИС

Грција и Бугарија остануваат главните промотори на македонските евроатлантски интеграции. Премиерот заев,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грција и Бугарија остануваат главните промотори на македонските евроатлантски интеграции. Премиерот заев, останува цврсто на својот став, кој беше претходница на потпишувањето на Преспанскиот договор со Грција, и договорот за пријателство со Бугарија. Премиерот, не го колебаат ниту страничните удари, што повремено ни ги задаваат Атина и Софија. Не му влева сомнеж потегот на Грција, која веќе си ја промовираше трговската марка „Мacedonia the great“, ниту пак неодамнешната декларација на бугарскиот Парламент, полна со услови за патот на Македонија кон ЕУ. Заев наоѓа разбирање за чекорот со кој Грција си ја одреди трговската марка, под која ќе се продаваат грчките производи од северот на земјата. Свесен е, дека ваквата постапка на Атина, не е во согласност со преспанскиот договор, но верува, во поинакво конечно решение.

-Точно, тие одлучиле да си промовираат како регион „Macedonia the Great“. Тоа апсолутно не е дел од решенијата во Преспанскиот договор. Таму јасно е напишано дека има Меѓународна експертска група којашто треба да го најде решението за ова прашање. Тоа е нивна работа, си решиле така. Дефинитивно, решението кое ќе биде конечно ќе биде заеднички решено, изјави Заев.

Премиерот не ги оспорува ниту обидите на Бугарија, да исчисти се од македонската историја, што не и се допаѓа на официјална Софија. Во гандиевски стил порачува, дека за се може да се разговара и да се најде решение.

Реклама

-Бугарската страна се обидува, секако тоа е нивно право, да се позиционира како што мисли во делот на затворањето на одредени прашања низ Мултидисциплинарната комисија. Ние сме втората страна, низ разговор ќе ги решиме и овие прашања. Ние имаме решено четири историски поглавја. Нема да дозволиме повторно да ги вратиме кавгите, проблемите и слично, затоа што сме мала земја, вели Заев.

Мала земја сме, вели премиерот, но дали тоа подразбира дека не смееме да искажеме став, дури и кога сме во право, и сите аргументи се на наша страна?

За односите со соседите, денеска во интервју за Курир, зборува и лидерот на опозицијата – Христијан Мицкоски. Осврнувајќи се на неодамнешната средба со бугарскиот премиер – Бојко Борисов, лидерот на опозицијата вели, дека ќе поддржи се, што е добро за двете земји – економска соработка, јакнење на трговските односи, соработка со соседите, на културен,  спортски, научен план. Но, Мицкоски, јасно ја исцрта границата, која нема да дозволи да биде премината..

Никогаш нема да прифатам работи, кои се на штета на Македонскиот народ и граѓаните на Македонија, непринципиелни барање, ултиматуми, или компромиси со вистината.. Јас немам дилема, ниту за нашиот – македонецот Гоце Делчев, и неговата борба за создавање на Македонска држава, ниту за посебноста на македонски јазик. Не сум човек кој прави компромиси со вистината, а најмалку на штета на Македонија,  порача Мицкоски во интервјуто за Курир.

Лазар Темелков