Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Коментар: Ветер во грб за ВМРО-ДПМНЕ- Големата победа на Силјановска Давкова најава за уште поголема на парламентарните избори

Победата во првиот круг на претседателските избори, ќе донесе уште поубедлива победа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Победата во првиот круг на претседателските избори, ќе донесе уште поубедлива победа на ВМРО ДПМНЕ, во вториот круг – кој се совпаѓа со парламентарните избори. И ако досега постоеше малку сомнеж за можноста да обезбедат над 55 пратенички мандати, сега ни бројката од 60 не се чини недостижна.

-Македонскиот народ конечно да биде тој кој што ќе одлучува конечно после долго време во оваа држава. Затоа мислам дека моментот е таков и мислам дека ќе биде препознаена таа потреба и мислам дека резултатот на парламентарните избори и на вториот круг на претседалските ќе биде уште поубедлив, уште позначаен во полза на опозицијата и на патриотскиот кампус во Македонија. Ние сме пред испит дали заслужуваме и дали можеме да имаме држава во која ние ќе одлучуваме, изјави Илија Димовски за Алфа.

Според моменталните бројки јасно е дека ДУИ никогаш не биле поблиску до опозиција. При евентуалните коалициони комбинаторики ВМРО-ДПМНЕ лесно би направи Влада со ЗНАМ на Максим Димитриевски и албанската опозиција „Вреди“, бидејќи по 2017-та кога ДУИ го прекрши правилото победник со победник, тоа дефакто веќе и не постои. Димовски вели дека е време сите партии кои ќе бидат дел од следната владина коалиција да постигнат национален консензус за важните дражвни прашања.

Реклама

-Се надевам дека во следниот мандат со другите политички партии кои што ќе влезат очигледно во Собранието ќе успееме да изградиме еден национален консензус, државен консензус кој што ќе ги гарантира базичните национални интереси, изјави Димовски.

Димовски е на ставот дека СДСМ токму на ова прашање најмногу потфрли, покрај корупцијата, непотизмот и борбата со криминалот. Вели токму поради тоа го заслужиле дебаклот кој им се случи.

-Тоа прашање ќе се разгледува после осми мај, дали воопшто СДСМ ќе изнудри начин да опстане на политичката ситуација. Мислам дека секој оној кој што ќе тргне спротивно на македонските национални интереси треба да ја доживее оваа судбина, изјави Димовски.

Инаку, СДСМ е на власт веќе седум години, откако Зоран Заев со Али Ахмети формираше Влада, иако ВМРО-ДПМНЕ беше победник на изборите во 2016-та. Вториот владин кабинет го формираа по тесната победа на нивната коалиција во 2020-та, кога Заев ја формираше својата втора Влада, откако го договорија првиот премиер Албанец на барање на ДУИ. Ковачевски ја презеде функцијата во 2022-ра, откако неговиот претходник се повлече по поразот на последните локални избори.

Матеја Петровски