Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Економија

Колумна на Бранко Азески: Илија Гечев – синоним за „агресивниот“ бизнис како одлика на новото време

Во 2005 година, кога го составував првиот состав на Управниот одбор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во 2005 година, кога го составував првиот состав на Управниот одбор на Комората, неизбежно беше името на Илија Гечев, човекот кој во меѓувреме стана синоним за „агресивниот“ бизнис како одлика на новото време. Во петокот (24.10.2025 г.) тој наполни 70 години. Во името на Стопанската комора, најзначајната бизнис-асоцијација кај нас, сакам да му го честитам јубилејниот роденден и да му посакам уште многу успеси и долг живот. Илија Гечев е приврзаник за Комората исто онолку колку што и Комората е приврзана за него. Тоа значи дека тој е една од моторните сили на Комората, а таа е секојдневно присутна во неговиот живот. Слободно можам да кажам дека најзначајните и најпрогресивни идеи во нејзиното работење се негово дело. Она што е позначајно е тоа што во неговиот дух ги изгради своите наследници, кои се вистински модерни патриоти, ја сакаат својата држава и се борат за нејзиниот економски просперитет.

Иако наполни 70 години, изгледа како да има 50. Слична му е состојбата и на духот. Секогаш како да е на почеток на својата кариера. Информиран за сѐ, секогаш со модерни алатки и во секојдневна комуникација, претставува матица на најзначајниот кадровски бизнис-потенцијал кај нас. Отворен во разговорите, бизнисмен кој ја кажува вистината в очи, кој знае да зададе, но и да прими удар, а, што е најважно, знае и јавно да го пофали секој успешен потег, секој бизнис-резултат и секое напредно решение.

Можеби има луѓе што не мислат како мене, но бројките се најсигурниот доказ за ова што го зборувам. Човекот кој од 2005 година направи бизнис-операции низ целиот Балкан, изгради неколку значајни фабрики и капацитети во Словенија, Србија, Бугарија и во Македонија не може да биде ништо друго освен бизнисмен делукс затоа што тоа е направено во многу краток период, на најдобар можен начин и со постојан раст на бизнисот, профитот и на вработеноста. Многупати сум кажал дека Комората е најголемиот расадник на човечки потенцијал кај нас, во којшто има изградени експерти во сите области, прекрасни работници, успешни менаџери и способни сопственици.

Реклама

Примерот на Илија Гечев е потврда за оваа моја констатација, но за разлика од сите нив тој е можеби најдобриот бизнисмен кој постојано инвестира, модернизира, технолошки надградува и бргу се шири низ целиот регион. Алкалоид, Макпетрол, Комерцијална банка, Фероинвест, Брако се на врвот на пирамидата за тој потенцијал, но и Витаминка, Адора, Тиквеш, Макпрогрес, Макстил, Пекабеско, Гранит, двете пиварници во Скопје и во Прилеп, Џонсон Мети, Кромберг и Шуберт, Костал, Филип Морис, Сокотаб, НЛБ, Стопанска банка Скопје, Триглав осигурување и многу други ја чинат базата на македонската економија, која е гаранција за иднината.

П.С. Чест и гордост е да се работи со таков човек, кој секој ден изненадува со своите идеи, со начинот на размислување и со проектните активности кои немаат крај. Можам да кажам дека од нив ќе бидете изненадени во најскоро време затоа што за Илија Гечев времето не застанува.