Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Коледарите први ја најавија радосната вест за Христовото раѓање

Утрово, во празнична атмосфера, од врата на врата коледарчињата, со песна и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Утрово, во празнична атмосфера, од врата на врата коледарчињата, со песна и радост го најавија Христовото раѓање. За убавата вест домаќинките ги даруваа со колачиња, ореви, костени и по некоја паричка. .

Откако ќе ги наполнат торбите со посластици, децата продолжуват понатаму за да ја шират радосната вест .

  „Јас, се чувствувам многу убаво и овој празник ми е најубав„ изјави коледарчето Александар Јовев.

Реклама

„Домаќинките ни даваат пакетчиња полни со колачиња, костени, парички, ореви„ изјави коледарчето Викторија Митева.

За верниците, верата има клучна улога таа е столбот што го држи човекот и му го покажува вистинскиот пат. Негувајќи ги вековните обичаи, полниот двор со деца за домаќинките е најубавиот предвесник

„Верата го држе човекот. Му го покажува вистинскиот пат, праведноста. Сега голем дел се оддалечени, а празниците се и да се собере семејството, да се види…традицијата е многу важна, таа го одбележува и одржува народот„ изјави штипјанката Соња Кулакова.

Порано на Коледе оделе многу дечиња кои ја носеле радосната вест. Со текот на годините обичаите полека згаснуваа, за денес повторно да оживеат со многу млади коледарчиња.