Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Кој крадел, а кој лажел? Продолжуваат препукувањата меѓу филмаџииите

Друштвото на филмски работници на Македонија домаќински ги трошело парите кои ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Друштвото на филмски работници на Македонија домаќински ги трошело парите кои ги добива од државниот буџет и од членарини – тврдат оттаму, иако не нудат никакви докази за тоа.

Оваа реакција следи по сериозните обвинувања од поранешен претседател на надзорниот одбор, Никола Мадиќ, кој за Алфа ТВ порача оти тие ги криеле финансиските извештаи и оти има недоследности во бројките.

  • „За неоснованоста на неговите „сомнежи“ говори инспекцискиот наод на Министерството за култура во 2021 година, кој не утврди никаква незаконитост… а уште повеќе говори одлуката на Собранието на Друштвото, кое со речиси апсолутно мнозинство го прифати извештајот за трошењето на средствата.“ – Велат од ДФРМ.

Мадиќ смета дека вистинската причина за неговото исклучување се неговите сомнежи дека ДФРМ, под раководство на Игор Иванов – Изи и Томи Салковски ненаменски го трошеле буџетот.

Реклама
  • „Видовме дека некои работи не се поклопуваат во однос на цифрите. Во рекапитуларот стоеше сума приближна до 1.400.000, додека во останатите страници беа наведени само суми кои што се само од уплата од членовите на ДФРМ и некои ситни банкарски провизии и адвокатски трошоци. Можеше да се забележи дека има повеќе ставки, каде што средствата се трошени во ресторани, за разни пригоди, како состанци на Управен одбор. Во некои не ни стои зошто, само стојат имињата на рестораните. Можеше да се увиди дека се трошени средства за изнајмување на автомобили, за патарини и разни трошоци за парувањето.“ – Изјави продуцентот и поранешен претседател на надзорен одбор во ДФРМ, Никола Мадиќ.

Надзорниот одбор на ДФРМ, додека со него раководел Никола Мадиќ, во неколку наврати се обидел да да направи увид во тоа, како Иванов и Салковски ги користат народните пари, но и покрај тоа, тие ги криеле извештаите. Во документите до кои дојде ТВ Алфа, лесно воочливо е дека раководството ги криело финансиските извештаи.

  • „Со оглед на тоа што извештаите не ги добивме, не можевме да се произнесеме по нив. Со оглед на тоа што не ги добивме ни по второто барање, Надзорниот одбор на ДФРМ се оградува од постапките и донесените одлуки на Претседателот и Управниот одбор.“ – Пишува во дел од записник на Надзорниот одбор на ДФРМ.

По инсистирањето на Мадиќ да си ја изврши должноста, ДФРМ го исклучило од своите редови, а на негово место, претседател на надзорниот одбор станал Бранко Петровски. За него, Министерството за култура утврдило судир на интереси, бидејќи, додека ја извршувал функцијата во друштвото, седум години по ред незаконски бил назначуван за финансиски советник во Агенцијата за филм, односно одлучувал кои филмаџии ќе земат народни пари, а кои не. Петровски подоцна е унапред во член на управниот одбор на Агенцијата за филм.

Никола Цветкоски