Со часови и во детали како течела истрагата и откривањето на телата на убиените Вања и Панче раскажуваше сведокот на обвинителството, Дејан Димовски – началник во СВР Скопје за насилен криминал. Таткото на Вања уште утрото на 27-ми ноември неколку минути по девет часот откако исчезна девојчето ја проверувал тракеторијата по која возеле сега обвинетите. Пишувал пораки „кажи колку пари треба“ па ги бришел од групата на родители, сведочеше началникот. Сомнежите за вмешаноста на Александар Ѓорчевски ја поткрепиле и со кажувањата на Боре Видевски и Вилибор Манев кој велеле дека Палчо добивал информации од внатре – односно од таткото кога девојчето ќе оди на училиште. Но, полицајците не нашле комуникација помеѓу Палевски и таткото на Вања.
- „Еден ден ми се јави, рече „имам едно сомнително возило, да го проверите“… рече дека има комбе со него, не ни беше јасно што му е сомнително. Но, кога ја проверија снимката во Сејф сити, каде има подобри камери, ми рекоа дека тоа возило што му е сомнително на Александар е велешкиот „цитроен“…. Ние веќе го поврзавме „цитроенот“ со „кангото“, а тој го спомна токму Велес – рече Димовски.
Возилото „рено кангу“ ги носи до претреси во партијата „Десна“ каде го апсат Влатко Кешишев и други две лица за кои полицијата мисли дека ќе ги однесат до Панче Жежовски и негово изчезнување. Но, по кажувања на Кешишев доаѓаат до телото на Вања.
- „Се појави нешто бело, лицето на девојчето. Се расплакавме. Се јавивме на обвинителството, бевме во шок сите. Кога го извадивме телото, девојчето беше како живо. Рацете и нозете ѝ беа врзани со стега. Исто така, на устата имаше лента. Но, девојчето беше како живо и тоа беше многу чудно. Беше 3 декември”, раскажуваше сведокот.
Во потрагата уште утрото на 27 ми ноември се вклучил и чичкото на Зорица Ѓорчевска, Митре Лазаров. Откако мајката на Вања му јавила дека внука му ја нема, а последниот сигнал е на Партизанска, тој веднаш тргнал да ја бара.

- „Кога пристигнав кај Силбо кај слепата уличка го забележав автомобилот на Александар.Тој беше внатре со еден полицаец. Тој не излезе од возилото туку само ми кажа дека „ако е Вања е отепана ќе се отепам и јас“, на што ја сум одговорив па „отепај се“- раскажа чичкото на Зорица.
Одбраната ќе приговара и на денешните искази.
- „Има контроверзии во исказот. Ќе вложиме приговор, а по сослушувањето на Алексадар до судот ќе предложиме соочување помеѓу Александар и инспекторите Музафер и Дејан заради целосно расчистување на работите“ – рече адвокатот Владимир Туфегџиќ.
На денешното рочиште требаше да се сослушаат уште тројца сведоци на предлог на обвинителството, но судијата го прекина рочиштето. Нивните тврдења ќе се слушнат на 13-ти ноември кога ќе продолжи судската постапка за двојно убиство.
