Реклама

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Македонија

Kочани доби ново фудбалско игралиште: Успешно реализиран уште еден проект на Министерството за спорт

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска во Кочани го пушти во употреба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска во Кочани го пушти во употреба новото фудбалско игралиште со вештачка трева, лоцирано во дворот на ООУ „Никола Карев“.

Ова игралиште е дел од пошироката стратегија на Министерството за спорт за подобрување на спортската инфраструктура низ државата и за обезбедување на квалитетни услови за развој на младите спортисти.

Со неговата изградба, учениците од основното училиште, како и спортските ентузијасти од Кочани, ќе добијат современ простор за тренинг и за натпревари.

Реклама

-Ова е уште еден успешно реализиран проект на Министесртвото за спорт со кој покажува дека нашата посветеност на спортот носи конкретни резултати. Веруваме дека вложувањето во спортската инфраструктура е вложување во иднината. Младите заслужуваат да имаат квалитетни спортски терени и можност да спортуваат, да се развиваат здраво и активно и да ги негуваат спортските вредности – истакна министерот Ристовски.

Министерството за спорт останува посветено на поддршката на спортските активности во сите општини низ државата со реализација на зацртаните проекти и со континуирани вложувања во спортската инфраструктура.