Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Кој потфрли? – Истрагата треба да ги открие пропустите по трагедијата на градилиштето во Кисела Вода

Надлежните треба што поскоро да истражат и да одговорат кој направи пропусти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Надлежните треба што поскоро да истражат и да одговорат кој направи пропусти за да се случи трагедијата на градилиштето во Кисела вода. Обвинителството треба да ја обезбеди неопходната документација за издавање на одобрението за градење, при што во случајов особено битни се елаборатот за ископ на јама, како и елаборатот за заштита при работа.

Дали надлежниот обвинител ги повикал инвеститорот и изведувачот и ја побарал документацијата, засега останува непознато. Од Јавното обвинителството немаат што ново да додадат, освен она што веќе го соопштија, дека постапуваат и телото на загинатиот градежник е дадено на обдујкција.

И на терен идентична слика. Мирно и тивко, без ленти за обезбедување, ,едимски екипи и гужва од љубопитни граѓани.

Реклама

Молк и од изведувачот, компанијата Јакимовски ДООЕЛ. Од нивната веб страна, може да се видат два проекти, едниот е во Кисела вода, а другиот во скопски Аеродром. На телефонскиот број оставен за контакт, никој не се јавува. Досега ниту еден од оваа компанија не даде никакви информации околу дозволата,  документација и дали се работело согласно прописите за безбедност.

Додека најсегнатите молчат, градоначалничката на Општина Кисела вода и вицепремиерот Александар Николоски ги повикуваат институциите брзо да постапат и да се расветли случајот до крај.

Во објава на социјалните мрежи, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска упатува искрено сочувство до семејството и најблиските на починатиот. Нагласува дека општината соработува со службите за целосно утврдување на околностите поврзани со несреќата.

Општината целосно соработува со институциите и ќе постапи согласно сите наоди и препораки. Општината е отворена за дискусија во рамки на институциите. Ќе продолжиме транспарентно да ја информираме јавноста за сите релевантни информации веднаш штом тие бидат официјално потврдени, пишува Бети Стаменкоска Трајкоска градоначалничка на Општина Кисела Вода

И вицепремиерот Николоски ги повика надлежните институции час поскоро да го разрешат случајот и сите оние кои треба да одговарат да сносат одоворност.

Според информациите, на терен излегле трудовиот и градежниот инспекторат. Објектот се гради врз основа на одобрение издадено на 4 март годинава од Општина Кисела Вода, кое станало правосилно на 9 март. Инвеститор е компанијата „Нар Инвестмент“, основана во ноември 2025 година, чиј сопственик е поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски. Тој изјави дека одговорите за несреќата треба да ги даде изведувачот и фирмата која го вршела надзорот.

Трагедијата во која животот го загуби 34 годишен работник, а четворица беа  повредени повторно го отвори прашањето колку во Македонија се почитуваат и прменуваат прописите за безбедност при работа.