Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Клиничкиот центар без чист чаршав, Владата ќе го решава проблемот

Битка за чист чаршав во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.Трет ден во пералната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Битка за чист чаршав во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.Трет ден во пералната не работат машините за прење и сушење. Истовремено работниците штрајкуваат поради доцнење на плати. Проблемот со неисплаќањето на платите трае со месеци. Од Заединички служби прстот го вперуваат во фирмата Скопстер која управува со пералната, директорот Башким Бакиу со документи образложи дека трошоците за услугите на компанијата биле целосно подмирени и дека пари за плати на вработените имало, а зошто не им се исплатени останува нејасно.

Надлежните проблемот ќе го решаваат со одземање на ингеренциите на фирмата Скопстер. На владина седница ќе биде разгледан предлогот со пералната да раководи Владата, односно Службата за општи и заеднички работи.

Вонреден надзор во пералницата имало и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, констатирано е дека не ги исполнува условите за вршење на дејноста.

Реклама

Купишта чаршави стојат со денови во пералната, од каде се шири непријатна миризба…пациентите при операција или хоспитализација во моментов лежат во постелнини кои се перат во некоја машина во рамки на самите клиники, бидејќи сопствена перална има само на Клиниката за онкологија и на Клиниката за инфективни болести.

Пералницата на најголемиот Клиничкиот центар во Македонија е во руинирана состојба. Таа ги опслужува интерните клиники, хируршките клиники, операциите, буквално целиот здравствен центар.