Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Kлиматските промени и аерозагадувањето – предизвик за Mакедонија

Инсталација на фотоволтаици во Белица и Струмица, реализирани проекти за поурбан и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инсталација на фотоволтаици во Белица и Струмица, реализирани проекти за поурбан и поодржлив транспорт во општините низ Македонија, примена на поодржливо земјоделие во неколку региони низ земјава. Сето ова, во функција во борбата против климатските промени и загадувањето, како глобален светски проблем кој не ја заобиколува и Македонија.

Проекти за искористување на обновливите извори на енергија и подобрување на состојбата со енергетската сиромаштија, се спроведени и во скопските општини Центар и Аеродром.

Овие примери покажуваат дека проблемите со загадувањето се големи, но, не се нерешливи.

Реклама

Од граѓанската организација „Еко свест“, велат, дека спровеле многу проекти за намалување на проблемот со климатските промени и токсичниот воздух, со финансиска поддршка од Шведската влада.

Од невладината се оптимисти дека и македонските општини, почнуваат сериозно да го сфаќаат проблемот и почнуваат во локалните буџети да планираат сретства за оваа намена.

„Имаме примери на општини во Центар, Прилеп и Гевгелија каде локалните планови за енергија и клима се усвојуваат во општините, акциите и мерките се ставаат во буџетите и се надеваме дека оваа година и во наредниот период ќе гледаме конкретни акции од општините“, изјави Жарко Конески од „Еко Свест“.

Оттаму велат дека имаат капацитет да ја мобилизираат заедницата и граѓаните и заедно да понудат одржливи решенија. Потребно е само, вклучување на сите чинители во општеството, во носењето одлуки, со чие спроведување, ќе се придонесе за искоренување на штетните навики.

Љубиша Владимиров