Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Клековски: Злоупотреби има во цело јавно здравство, ги прибираме доказите и ќе ги доставиме до институциите

Фондот за здравство ги “спаси” јавните здравствени установи кои тонеа во милионски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондот за здравство ги “спаси” јавните здравствени установи кои тонеа во милионски долгови. Вкупниот долг од 5 милијарди денари во болниците, клиниките и здравствените домови  во Македонија со ребалансот на буџетот отплатени се две милијарди денари .Со ова долгот на јавното здравство останува на 3 милијарди, што според директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски е на подносливо ниво.

Тој најави дека ќе има одговорност за секој кој ќе се докаже дека направил злоупотреба на службената положба.  

Според премиерот, ова е голем успех за јавното здравство што полека но сигурно се решава должничката криза во овој сектор.Мицкоски вели дека со домаќинско, вредно и посветено работење на новиот менаџмент во болниците и во здравствените установи низ државата долговите ќе бидат вратени.  

Реклама

“Да го потврдам и да честитам на Фондот, на менаџментот на Фондот, на Министерството за здравство што за вака кратко време успеаја да се консолидираат и да ги земат работите, што се вели народски, во свои раце и да вратат околу две милијарди денари, што е нешто коешто досега не се случило, ако се има предвид дека, како што кажа самиот директор, во првата половина од годината, тој долг е зголемен за цела една милијарда. Па сега вие можете да замислите со какви цели биле тие пари и каде биле употребувани.  Така што еве посакувам уште многу убави вести, па до година да зборуваме за долг нула, на тој начин ќе обезбедиме и тековно сервисирање на обврските” – вели премиерот Мицкоски.

Најголеми злоупотреби  во јавните здравствени установи се правеле со не плаќање редовно сметки кон добавувачи за лекови, а од друга страна, медицински и економски директори си ги зголемувале платите со додадени дежурства. Најголеми должници се Клиниките за Онкологија, Торакална и Гинекологија.

Болниците и клиниките успеале од почетокот на годината до јуни, долгот  од 65 милиони да го зголемат на 81 милиони евра.