Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Здравство

Клековски: Згрижувањето на пациентите од пожарот во „Пулс“ заврши, од утре започнуваме со планирање на следните чекори

Во моментот на Клиниката за пластична хирургија во Скопје се прават планови…

Сподели:

Во моментот на Клиниката за пластична хирургија во Скопје се прават планови за тоа во која фаза и колку пациенти ќе бидат опфатени со хируршки интервенции за реконструкција на изгореното ткиво од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, информираше денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

„Овие типови на зафати се изведувани и во минатото на Клиниката, од каде што ќе добиеме информации за темпото и, согласно со тоа, ќе започнеме со работата. Денеска се очекува да заврши фазата на транспорт на пациентите во странство, што ќе овозможи целосно фокусирање на планирањето на следните чекори во земјава. Тоа не се само трансплантации на кожа, туку ќе има и други неопходни постапки, бидејќи дел од лекувањата ќе бидат подолготрајни. Мораме да бидеме подготвени дел од пациентите да ги вратиме во земјата и да продолжиме со нивното лекување,“ рече Клековски на прес-конференција.

Од утре, додаде, ќе се фокусираме на планирањето на следните чекори, бидејќи згрижувањето на овие пациенти е завршено.

Реклама

„Почнаа првите отписи од клиниките и веќе можеме да ги планираме следните чекори, кои можеби ќе траат една или две години. За да нема застој во здравствените услуги за останатите граѓани, во моментов сакаме повредените пациенти од клубот „Пулс“ да бидат пренесени во две болници,“ посочи Клековски.

Прашан дали се планира повторно отворање на Центарот за изгореници во клиниката за хируршки болести Свети Наум Охридски во Скопје, кој беше затворен во 2016 година, рече дека тоа ќе се направи ако стручната фела препорача потреба.

„Хирург што не работи редовно со изгореници не е специјалист за тоа подрачје. За оваа причина, многу поголеми држави имаат еден или два центри за изгореници за да се сконцентрира знаењето. Не треба да имате само специјални кревети, туку и хирурзи кои го практикуваат тоа секојдневно. Не велам дека не ни треба, но во последните 10 години имаме пет тешки случаи со изгореници што ги испратиле во странство и уште 10-тина третирани во Македонија. Треба да направиме проценка дали ни е потребен тој центар тука или е поедноставно да имаме договор за соработка со Пирогов во Софија или Папаниколау во Солун. Не треба само техника и кревети, туку и доктори кои тоа го работат секој ден. Јас не сум надлежен да одговорам дали имаме доволно патологија, но ако стручната фела каже дека има потреба, тогаш да, но повторно ќе биде центар за изгореници со четири легла,“ појасни Клековски.

Нагласи дека со несреќи како оваа во Кочани, никој не може самостојно да се справи, дури ни поголеми и подобро организирани држави и додаде дека токму затоа постојат европски механизми за солидарност, кои се активираат и ги распоредуваат повредените.