Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Клековски: Започнуваме процес што ќе треба да ја обезбеди посакуваната децентрализација, регионализација на услугите, услуги поблиску до граѓаните и поодговорно трошење на здравствениот денар

Започнуваме процес што ќе треба да ја обезбеди далекупосакуваната децентрализација, регионализација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започнуваме процес што ќе треба да ја обезбеди далекупосакуваната децентрализација, регионализација на услугите, услуги поблиску до граѓаните, нови услуги, поодговорно трошење на здравствениот денар. Ова го изјави попладнево директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, пред Средбата за договорни надомести 2026 година, каде е предвидено да им се презентира на сите јавни здравствени установи, што се измените во обрасците за договорен надомест и истовремено да се споделат насоки за годината што доаѓа. 

Во изјава за медиумите, Клековски појасни дека се работи за сесија за започнување на разговорите, преговорите за основен надомест на здравствените установи. Тоа е, рече, еден процес во кој се одредува буџетот на здравствените установи за 2026 година, што се состои во аплицирање со соодветни обрасци, врз основа на што се прават преговори. 

-Целта на промените што сакаме да ги презентираме, е зголемување на контролата на здравствените услуги од една страна и второ, зголемување на контролата на финансиите, од друга страна. Да направиме еден поодговорен, потранспарентен и отчетен концепт. Ги повикавме сите јавни здравствени установи да бидат присутни на воведната сесија, да им обезбедиме објаснување за промените што ги правиме. Ова е почеток на овој процес. Не очекуваме дека за една година ќе се смени нешто. Меѓутоа, да го започнеме процесот, што ќе треба да ја обезбеди далекупосакуваната децентрализација, регионализација на услугите, услуги поблиску до граѓаните, нови услуги, поодговорно трошење на здравствениот денар, истакна Клековски. 

Реклама

Тој додаде дека на првата седница, присутните ќе се запознаат со предлогот на Фондот. 

– Мислам дека ќе биде поддржан пристапот, сите сакаат позитивни промени, подвлече Клековски. 

Тој ги спомена и најавените капитални инвестиции во Штип, Тетово и Кичево. 

Средбата се одржува во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје.