Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Клековски: Почна да работи ПЕТ-скенот

Од денеска почна да работи ПЕТ-скенот, закажани се девет пациенти. Денеска е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска почна да работи ПЕТ-скенот, закажани се девет пациенти. Денеска е донесена неопходната количина на радиоизотопот од Истанбул. Комуницираме и со Софија, бидејќи Истанбул работи од понеделник до четврток, сакаме да обезбедиме и алтернатива на Истанбул за да можеме ПЕТ-скенот да работи во сабота, изјави министерот за здравство Сашо Клековски.

ПЕТ-скенот, појасни министерот, во изминатите години работел приближно 2.100 до 2.200 снимања годишно.

– Минатата година со новото раководство е постигнат рекордот од 2.700 снимања, што приближно е максимумот што може една камера да постигне. До започнување, прво на редовното сервисирање на ПЕТ-скенот, се направени околу 1.100 снимки и со забрзана работа верувам дека можеме да стигнеме до 2.200 до 2.300 снимки оваа година. Според статистиките од референтни земји како Хрватска, ние треба да таргетираме околу 5.000 до 6.000 снимки годишно, бидејќи тоа не е неопходно само за пациентите онколошки и хематолошки, ПЕТ-скенот има употреба и во неврологија. Сега заради приоритизирање, нормално, прв приоритет се онколошките пациенти, рече Клековски.

Реклама

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека на онколозите им се достапни други методи на следење на болеста и од негово искуство, потребно е да се користат различни методи во различни периоди, бидејќи нема една метода што ги покрива сите состојби.

– Јас сум во комуникација со ПЕТ-центарот и со трите најзасегнати клиники: Онкологија, Хематологија и Неврологија, и работиме на тоа да одат работите непрекинато. Ние мораме да најдеме механизам, бидејќи секако секоја година има редовен сервис, значи надвор од непланираните сервиси, и да видиме со која методологија ќе се пристапи и да конечно пристапиме. Повеќе пати го зборувам тој дел, да набавиме втора ПЕТ-камера и алтернативни планови за снабдување ако циклотронот е во репарација или се расипе, истакна Клековски.

На прашање дали ќе се продолжи со по девет до десет 10 пациенти дневно, тој го потврди тоа.

– Да, сега се обидуваме да ја премостиме сабота, бидејќи центарот од Истанбул не може да испорача. Знаете дека тој изотоп е со краток животен век, мора да се врши дневна испорака, така што работиме на тоа и се надевам дека набрзо ќе имаме позитивен одговор и од Софија, рече Клековски.

Тој очекува наскоро да се реши и проблемот со циклотронот.