Реклама

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Македонија

Клековски: Да се почитуваат мерките за лична заштита од убоди од комарци, вонредна контрола на живината во зафатените подрачја

Да се почитуваат мерките за лична заштита од убоди од комарци, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да се почитуваат мерките за лична заштита од убоди од комарци, а особено на места на кои има застојана вода во дворови или во нивна непосредба околина. Општините во кои е прогласена епидемија ќе добијат СМС-пораки со насоки за постапување изработени од Институтот за јавно здравје. Според епидемиолошките очекувања, август и септември историски се месеци на врв на вакви епидемии, каква што е западнонилската треска – изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој апелира на максимална внимателност.

Тој рече дека денеска се одржал состанок на Комисијата за заразни болести, која редовно ја следи состојбата и носи препораки во согласност со епидемиолошката состојба, на кој присуствувале директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Кирил Лазов, и градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска.

– Имаме три прскања против комарци по индикации. Едно прскање во Драчево за возрасни комарци, односно од земја на 30 и 31 јули и ларвицидно прскање од земја на 20 хектари водни површини во тоа место и ларвицидна теристичка дезинсекција по индикација на 10 хектари стоечки водни површини. Тоа е каналот во населбата Сингелиќ, Стајковци и Јурумлари – рече Клековски. 

Реклама

Посочи дека од Државниот санитарен и здравствен инспекторат е информиран дека плановите за прскање против комарци во општините генерално се спроведуваат и дека ДСЗИ ќе спроведе и вонредни контроли. Појасни дека фокусот во следниот период ќе биде на прскање од земја, а не од воздух.

– Ќе биде извршена и вонредна контрола на живината во зафатените подрачја. Најчесто индентификувани резервоари на болеста се гаврани и сите граѓани што ќе видат мртва дива птица треба да ја пријават во Агенцијата за храна и ветеринарство. Се согласивме на Комисијата за вонредна контрола на живината во загрозените подрачја, а посебен таргет е слободната живина во близина на канали за наводнување. Редовно комуницираме со Европскиот центар за контрола на болестите. Сите средства употребени за спроведување на прскањето за комарци се од листата на одобрени средства за прскање на Светската здравствена организација – додаде Клековски. 

Претходно, министерот соопшти дека досега има 35 потврдени случаи на западнонилска треска, три смртни случаи, шестмина се во критична состојба и се наоѓаат на интензивна нега на Инфективната клиника, три случаи се суспектни, а 15 лица се излекувани. 

Директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Фадил Цана, информира дека ,освен шестемина, кои се во критична состојба и се на возраст над 60 години, на Клиниката се лекуваат десет пациенти со западнонилска треска. Тој посочи дека возрасната граница се поместува, кај инфицирани пациенти со невроинвазивна форма најмладиот пациент има 25 години и е во стабилна состојба.