Реклама

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Македонија

Клати врата земај плата: Јовевски ќе исплаќа плати и во „мртвото“ СЈО

Клати врата, земај плата но и екстра надоместок – ова буквално ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клати врата, земај плата но и екстра надоместок – ова буквално ќе важи за вработените кои останаа во СЈО. Институцијата буквално е мртва а службениците и истражителите ќе продолжат да го цицаат државниот буџет. Потписник ќе биде републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Ова е предвидено со предлог законот кој го изготвија пратениците од владејачкото мнозинство а кој треба да се гласа на 11 декември. Предлогот предвидува освен плата тие и натаму да добиваат надоместоци.

–Истражителите… имаат право на надоместок за посебни услови за работа, надоместок за висок ризик и надоместок за доверливост во кумулативен износ од 35% од основната плата. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија со решение утврдува кај кој од истражителите постојат посебни услови за работа, висок ризик или доверливост, како и процентот на додатокот/додатоците, но најмногу до кумулативно утврдениот процент, се наведува во член 1 од предлог – законот.

Зошто вработените и истражителите од СЈО би земале плата, кога по вклучувањето на Катица Јанева во пајажината на „Рекет“ тие немаат никаква работа. Обвинителите и предметите од Специјалното јавно обвинителство се префрлени во основното на Јовески. Токму републичкиот обвинител не сакаше да го коментира овој нов момент на денешниот брифинг со новинарите, велејќи дека се уште нема ингеренции за таа работа и немало да зборува.

Реклама

СЈО, иако веќе и може да се каже не постои, следната година од буџетот на државата ќе добие 3,7 милиони евра. Токму трошењата на СЈО, станаа работа на истражителите на Основното јавно обвинителство. Тие проверуваат како Катица Јанева себеси и на своите колеги им ги делела „солените“ бонуси.

Матеја Петровски