Реклама

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Македонија

Кисела Вода го истражува својот потенцијал: Проект за мапирање на културното наследство

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска оствари работна средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска оствари работна средба со Никола Веселинов, историчар и архивист од Конзерваторскиот центар – Скопје, Радомир Ивановиќ, археолог од Археолошкиот музеј, како и со пратеничката и етномузиколог Велика Стојкова Серафимовска.

Целта на средбата, како што се наведува во соопштението од Општина Кисела Вода, било истражување на потенцијалот на културното наследство на Кисела Вода, како најстара скопска општина, со посебен акцент на историските, археолошките и културните вредности на овој простор.

На средбата било договорено започнување стручна иницијатива во насока на систематско собирање и обработка на податоци за археолошки наоѓалишта, историски локации, објекти од културно значење и локални традиции.

Реклама

-Овие информации ќе бидат основа за изработка на културно-историско-археолошка карта на Општина Кисела Вода, која ќе претставува сеопфатен преглед на културното богатство на општината. Добиените податоци, во следен чекор, ќе бидат дигитализирани и објавени на официјалната веб-страница на Општината, со што ќе станат лесно достапни за граѓаните, учениците, истражувачите, но и за посетителите, со цел унапредување на локалниот културен туризам и подигнување на јавната свест за значењето на наследството – велат од Општина Кисела Вода.

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска истакнала дека оваа соработка е важен чекор кон валоризација на локалната историја.

-Кисела Вода поседува богато културно и археолошко наследство кое досега не е доволно систематизирано и презентирано. Со поддршка на врвни стручњаци од областа на историјата, археологијата и етномузикологијата, започнуваме процес кој ќе овозможи нашето наследство да биде истражено, документирано и достапно за јавноста. Нашата цел е да создадеме современа дигитална платформа која ќе ја приближи историјата до граѓаните и ќе ја позиционира Кисела Вода како значајна културна точка на мапата на Скопје – посочила градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.